InCom Newsletter 2 : Апликации за Теренско Работење


ТЕМА НА БРОЈОТ

Во овој број на Инком newsletters сакаме да Ве информираме за новите партнерски води во која заплови нашиот тим, приказна со која сакаме да ги исполниме Вашите одамна поставени барања но и унапредиме веќе поставените процеси.
Имено во претстојниот период се насочуваме кон интеграција на деловниот систем со мобилни апликации, алатки кои ќе бидат од корист за сите сектори во вашата компанија но најмногу за Вашиот продажен тим кој поминува значителен дел од работното време на пат.
Додатно ќе споделиме неколку интересни настани кои можеби би Ви биле од корист и кои ги одвоивме како good to know.
Уживајте.

                                                                                                                                         Тимот на InCom   

Апликации за Теренско Работење  

Горди сме да го објавиме партнерство со словенечката компанија i-Rose. Како одговор на светските трендови за мобилни деловни решенија, ставивме на располагање за нашите корисници поголем  број на мобилни апликации. Се работи за технологија, која има голем број на корисници во повеќе Европски држави, а со која овозможуваме мобилно работење.Понудените апликации функционираат online, но можат да се користат комплетно offline, благодарејќи на одличната технологија на синхронизација.1

Корисници на Pantheon ERP, ќе можат да ги добијат сите понудени апликации на македонски, албански, англиски или било кој друг јазик, но многу е значајно да се истакне поврзаноста на податоците собрани при теренска работа, со податоците од канцеларија.

Компанијата i-Rose со своите продукти е препознатлива не само во Словенија туку и во поголем број Европски држави. Повеќе информации за нивното портфолио на прозводи може да  ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ !

Теренско работење (Field Services)

Тимот на Инком Ви ги претставува следите апликации за мобилно работење:

1. Промоција на продажбата (merchandising)
2. Амбулантна продажба
3. Мобилна продажба / достава
4. Продажен состанок (скрипта за разговор, meeting minutes но и генерирање понуда)
5. Контрола на квалитет
6. Работен / Сервисен налог
7. Читање на броила на корисници
8. Индустриско производство
9. Теренски операции за производство на пијалоци
10. Изнајмување на станови и други објекти
11. Продажба на осигурување
12. Медицински претставници во фармација
13. Менаџирање на основни средства
14. Поштенски услуги
15. Истражувања и собирање на информации

Во овој и следните броеви на Инком Newsletters подетално ќе Ве запознаеме со дел од апликациите кои веќе Ви се на располагање.

Менаџирање на теренско работење (Field Services Management), претставува управување со ресурсите на компанијата кога се вон компанијата – на пат или кога даваат услуга кај корисниците. Компаниите голем број од своите активности ги изведуваат надвор од своите простории. Тие активности најчесто тешко се контролираат, а за нив компаниите креираат испратници, приемници, доставници, повратници, записници, понуди, патни налози или друга документација, која покасно ја препишуваат во својот деловен систем. На ваков начин, компаниите се изложуваат на двојна работа, која покрај тоа што е трошок, претставува и извор на грешки. Немањето на информации во реално време за активностите на нашите вработени вон канцелариите, придонесува квалитетот на услугите да не е на потребното ниво.

Листата на апликации за теренско работење кои ги обезбедуваме, можат да се користат независно или комплетно поврзано со основниот деловен систем на компанијата. Доколку се користи поврзано со деловниот систем, компанијата корисник добива максимален позитивен ефект. Тоа може да придонесе за:

1. Зголемување на продажбата
2. Подобрување на квалитетот на теренските услуги
3. Подобрување на имиџот на компанијата
4. Зголемување на контролата врз теренската работа
5. Намалување на трошоците за теренска работа

LinkedIn – Week of learning

Сите сме запознаени со една од најголемите технолошки зделки која се склучи пред неколку месеци, купувањето на професионалната социјална мрежа Linkedin од  страна на Microsoft, и подоцнежното лансирање на LinkedIn Learning. Она што е интересно и трае во моментов е WEEK OF LEARNING OCTOBER 24-30, во кој период над 9,000+ најразлични курсеви Ви се достапни бесплатно.
Како интересни за нашите корисници ги издвојуваме следните курсеви: Running a Profitable Business: Understanding Cash Flow,  Finance for Non-Financial Managers, SQL Essential TrainingSQL for Data Reporting and Analysis, Learn Salesforce: The Basics, и многу други интересни курсеви кои може да ги прегледате ТУКА.

На 1ви Ноември Microsoft ќе лансира ценовна војна против Salesforce

Минатиот вторник Microsoft ја претстави новата верзија на својот главен продукт именувана како Dynamics 365, целосно дополнета со нови функционалности но и она што е најинтересно е воведувањето на вештачка интелигенција. Овој продукт ќе биде достапен до купувачите низ целиот свет почнувајќи од 1ви Ноември.
Dynamics 365 е cloud софтвер во кој се врши комбинација на CRM софтвер (систем кој го употребува продажниот тим за следење на идни клинети и подобро менаџирање на постојните) со ERP софтвер (систем за деловно работење). На светско ниво лидер во CRM системи е Salesforce, а лидери на ERP пазарот претставуваа SAP, додека на Балканот најшироко распространет ERP систем е Pantheon.
Овој нов продукт е главна причина поради која Microsoft го купи LinkedIn, со цел да креира апликацијии која вршат пребарување низ Микрософт документи, CRM/ERP систем и социјални медиуми (како LinkedIn), за да обезбеди нови лидови и нови бизнис погледи во маркетинг кампањите.

Microsoft уште претходно ја најавија ценовната војна против играчите од CRM пазарот тврдејќи дека новата ценовна политика овозможува четири до пет пати пониски трошоци од традиционалните CRM провајдери, а да не зборуваме за ново воведената вештачка интелигенција на која се работело со декади.

Во наредните изданија на Инком newsletters подетално ќе ве запознаеме што значи вовдеување на вештачка интелгенција во областа на деловниот софтвер и кога таквите решенија би биле достапни на нашиот пазар.


Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>