InCom Newsletter 12 :: Поблиску до технологијата


ДЕЛОВНИ ПРОЦЕСИ – ТЕМЕЛ ЗА УСПЕШЕН БИЗНИС
16/2017 – 27.08.2017

 

Како да го трансформирате вашиот бизнис

Како ќе го трансформирате Вашиот бизнис, за да го подготвите за предизвиците кои се пред вас.

Како да ја подобрите ефикасноста во вашите деловни процеси?

Деловните процеси во Вашата компанија постојано Ви предизвикуваат главоболки, тесни грла, нервозни вработени, разочарани клиенти. Вашите вработени постојано работат подолго и напорно, а секојдневица се нервозни ситуации и промашени рокови.

Поставете си ги следниве прашања:

  • Кои деловни процеси во мојата компанија имаат потреба да се подобрат ?
  • Каков деловен систем користиме денес ?
  • Кои се болните точки кај моите вработени ?
  • Како да ги поготвам вработените да ги прифатат промените во организацијата?
  • Дали денес ги имам потребните ресурси и експертиза ?

Одговорот на овие прашања, дефинира дали на вашата компанија и е потребен ре-инженеринг на деловните процеси, за да ја зголемите ефикасноста и иновативноста.

На подобрување на овие прашања, може да ви помогне ИнКом ЕРП – Консултантска компанија за унапредување на деловните процеси, со помош на квалитетен деловен софтвер и докажана експертиза во областа. Нашиот тим, е подготвен да ви помогне да ги унапредите Вашите деловни процеси. Тоа го постигаме така што:

Ја разбираме проблематиката во вашата индустрија
Ќе ви понудиме опции за деловен софтвер
Заедно ќе работиме на подобрување на бизнис процесите
Ги разбираме предизвиците со кои се судруваат вашите вработени
Ќе помогнеме да ја засилите вашата визија за компанијата, да ја подобрите вашата стратегија

Но, најбитно од се: ќе го најдеме оптималниот пат за трансформацијата во вашата компанија. Нашите консултанти имаат успешна историја во повеќе држави од регионот, помагајќи да се подобрат деловни процеси во:

  • Производствени компании (храна, мебел, метал, хемиска индустрија …)
  • Трговски компании (маркети, малопродажни ланци, големопродажни магацини)
  • Услужни компании (сервиси за техника, градежни компании)
  • Транспортни организации
  • Хотели

Спремни да го трансформирате вашиот бизнис ? Време е да ја направите промената. Нашиот тим ќе помогне тоа и да се случи. Го очекуваме Вашиот позив.

Pantheon деловен систем :: Развијте го Вашиот бизнис на добра основа         

 

Вашето секојдневно работење, можете да го направите поефикасно и поедноставно, со користење на модерна технологија и квалитетно поставени деловни процеси.            

Тимот на ИнКом ЕРП, може да ви помогне да изградите подобри *** Автоматизирајте ги вашите деловни процеси :: кога и наједноставните процеси во Вашата компанија, како што се фактурирање, преглед на месечните состојби можат да одземат часови или денови, тогаш е време да ги автоматизирате деловните процеси и да ги ослободите вашите вработени за продуктивни активности

*** Овозможите раст без болка :: дали големината на базата на податоци, бројот на трансакциите или бројот на корисници го кочат вашето работење ? Можеме да ви понудиме решение кое ќе го елиминира тесното грло и ќе овозможи раст и продуктивност.

*** Фокусирајте се на најзначајното во вашето работење :: Промените го начинот на кој работите. Наместо да ги анализирате извештаи фокусирани на минатото, користете извештаи кои ќе ви дадат проекција на иднината. На ваков начин, ќе се фокусирате на вистинските цели

*** Имајте контрола :: процесот на продажба и набавка неопходно е да се одвива низ системот. Само на таков начин можете да имате следливост и контрола над овие значајни процеси и да спречите потенцијални ризици

*** Едноставни операции :: намалете го времето потребно за извршување на секојдневните операции, со поедноставување на деловните процеси

*** Едноставна имплементација :: новите деловните процеси и нивното менување, потребно е да се одвиваат без прекин во работењето

Го очекуваме Вашиот повик, за да ви помогнеме во унапредувањето на деловните процеси !

Контакт информации:slika1
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/