InCom Newsletter 17 :: Поблиску до технологијата


Промоција: ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА

 

Отворен е новиот ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА на ИнКом 

Го отворивме нашиот ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА. Ве повикуваме вашите барања за услуги од ИнКом да ги доставувате преку оваа алатка, достапна на http://support.incom.mk/
Центарот за поддршка на ИнКом има за цел, да ја подобри услугата која нашите консултанти ви ја пружаат. Сакавме комуникацијата помеѓу вас и консултантите на ИнКом да ја направиме поедноставна, брза, директна. Сакавме да ви овозможиме следливост на вашите барања. Поради тоа го имплементиравме Salesforce – глобално топ 1 HelpDesk системот за поддршка на корисници. Се надеваме дека новиот систем ќе придонесе за уште поголема доверба во нашиот тим.

Како можете да го користите новиот ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА ?

1. Со достап до http://support.incom.mk/, можете да креирате ваш профил и да испраќате пораки. На истата локација, ќе ги најдете упатствата за креирање на профил. Зошто е ова значајно – при најава со ваш профил, системот ќе ви даде увид во сите Ваши отворени прашања, но и преглед на сите прашања на кои веќе имате добиено одговор. На истата страна, ќе можете да најдете повеќе текстови, кои можат да ви бидат од корист, па можеби и самите да дојдете до одговорот кој го барате. Со креирање на прашање преку овој центар, нашите консултанти веднаш добиваат тикет, по кој првиот слободен консултант почнува да работи
2. Можете да испратите маил порака на support@incom.mk . При ова, ваквата маил порака автоматски креира тикет во нашиот систем. Разликата во однос на првиот начин е што вака нема да можете да го видите тикетот преку центарот за поддршка, кога ќе се најавите со вашиот профил. Но, ова е секако најбрзиот начин, како да отворите прашање до нашите консултанти
3. Преку Центарот за поддршка имате можност да поставите и анонимни прашања
4. Преку центарот за поддршка имате можност за разговор во живо (chat опција)
5. Прашања можете да поставите и преку нашата Facebook страна

Почитувани корисници, се надевам дека ќе бидете задоволни од новата алатка која ја имплементиравме. ИнКом ќе продолжи да имплементира алатки и процедури, со кои ќе ја подобруваме нашата услуга и во иднина.

Ги очекуваме Вашите коментари
Тимот на ИнКом

 

 

Контакт информации:slika1
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/


Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>