InCom Newsletter 19 :: Поблиску до технологијата


УСАИД проект: Развој на деловен екосистем 

 

Финансиски средства – достапни за Вашата компанија              

ИнКом е ангажиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, преку кој ќе Ви овозможиме поквалитетен пристап до финансиските продукти достапни во Македонија. Овој проект има за цел да им помогне на компаниите (посебно на малите и средни компании), за да дојдат до потребните финансиски средства. Со тоа треба и да се зајакне продуктивноста и да доведе до зголемување на вработувањата во малите и средни претпријатија во Македонија.

Преку ова програма, ИнКом со помош на сертифицирани финансиски консултанти, ќе Ви помогне да го добиете најдобриот финансиски продукт кој се нуди на пазарот, соодветен на Вашите потреби. Вашиот бенефит е двоен:

1. Ќе го добиете најдобриот и најсоодветниот финансики продукт за вашите потреби, кој се нуди на пазарот во Македонија, затоа што нашиот тим има ажурен пристап до сите финансиски продукти кои се нудат во Македонија (не само кредити, туку и сите други финансиски продукти кои ви се на располагање, а за кои можеби и немате соодветна информација)
2. Ќе имате намалени трошоци за избраниот финансиски продукт, поради финансиската помош од проектот на УСАИД.

Почитувани, доколку во наредните месеци планирате користење на финансиски производи, или имате потреба за дополнителни средства за капитални инвестиции или за обртен капитал, тогаш ова е одлична прилика за вас. Известете не со порака за вашата заинтересираност, и дозволете да му помогнеме на вашиот бизнис. Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем може значително да му помогне на вашиот бизнис. Не ја испуштајте оваа одлична можност за дополнително финансирање на вашите деловни операции.

За да станете дел од проектот, потребно е ни испратите порака на marketing@incom.mk или да се јавите на 070 267 607. Во наредните недели ќе изработиме ваша апликација (за која ќе немате никаков трошок), за да во текот на 2018 ви помогнеме да дојдете до потребните финансиски средства.

Одлична можност за финансирање на Вашата компанија !
Ги очекуваме Вашите пораки

Тимот на ИнКом

Контакт информации:slika1
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/


Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>