InCom Newsletter 20 :: Поблиску до технологијата


Дигитализација на бизнисот со PANTHEON

Во последните 30-тина години бизнисот се дигитализираше. Прво, имавме само компјутери, па деловни програми, мрежа и сервер, а сега имаме облак (cloud), односно бизнис во облак (cloud).

 

Денес веќе можеме да прочитаме и за вештачката интелигенција, како и за машинското учење, а ние сè уште зборуваме за дигитализација ! Зарем тоа не е стара тема? Зошто повторно? Зарем сите веќе не сме ја примениле дигитализацијата? За жал, некои сеуште не. Затоа, уште еднаш ќе се потсетиме на она што сметаме дека е важно кога се работи за дигитализација на бизнисот.

Едноставно кажано, дигитализацијата е употреба на дигитални технологии за да се трансформира и нашиот бизнис. Се разбира, не станува збор само за технологија, туку и за тоа како ние навистина го менуваме начинот на кој работиме (деловни процеси) и како ги прилагодуваме тие процеси за да ги правиме работите поинаку.

Бизнис дигитализација – Што треба да се земе во предвид?

Кога станува збор за дигитализација на бизнисот, важно е да се напомене дека ова не е еднократна операција, туку слично на имплементацијата на ERP, долгорочна деловна стратегија и обврска која мора да се заснова на цврста определба на менаџментот на компанијата, навистина да го подготви својот бизнис и својата компанија за предизвиците во иднината.

Податоци

Секој ден, огромна количина на податоци се генерира во секоја компанија. Таквите податоци треба да се управуваат, треба да се користат за секојдневното работење, но од таквите податоци треба да се “извлечат” информации и врз основа на нив да се донесат можни заклучоци кои би можеле да им дадат на компаниите конкурентна предност во иднина. Затоа првиот чекор е сите податоци да се дигитални!

Запрашајте се: Кои податоци ги користите секој ден во вашиот бизнис? Каде се наоѓаат? Како им пристапувате? Дали сите се дигитални? Бидејќи, за почеток треба сите податоци да ви се дигитални, за полесно да управувате со нив и да бидат достапни за секого во секое време.

Тука ни помага ERP системот, како PANTHEON, кој претставува комплексна алатка за управување со податоците и процесите во една компанија.

Процеси

Овој процес ни ја отвора вратата за следниот неопходен чекор: ефикасно управување со податоци. Ваквото централизирано и унифицирано управување со процесите и податоците, овозможува компанијата полесно да се менаџира. Сепак, треба да се има на ум дека е неопходно да се направи сериозен ре-инженеринг на деловните процеси со цел компанијата да се вклопи во новиот посакуван дигитален свет. Инаку, ефектот ќе биде мал.

Бизнис известување – основ за донесување одлуки

Мора да се истакне важноста на навремено и точно известување. Ако не е навремено, не е важно дали е точно, и ако е неточно, не е важно дали е навремено.

Точни и навремени информации им помагаат на менаџерите, директорите и сопствениците во процесот на донесување одлуки. Ако податоците се дигитални, а процесите се дигитално управувани, тогаш менаџментот може да ги добие потребните информации за да ги елиминира тесните грла и да ги оптимизира процесите.

Логичното прашање е што Пантеон може да направи за вас?

Прво, податоците внесени во PANTHEON се веќе дигитални, односно постојат во дигитална форма. За оние кои не постојат, можете да го користите DMS (Document Management System) приклучок за скенирање и конвертирање на аналогни податоци (на пример, договори) во дигитален формат.

Извештаи во реално време

Наместо долго и комплицирано известување, жонглирање со податоци и подготовка на извештаи, со PANTHEON Dashboards и Zeus бизнис анализи, се обезбедува брз преглед на деловната состојба во компанијата.

Управување со бизнис процесите (PANTHEON WorkFlow)

Со PANTHEON Workflow, имате моќна алатка која целосно може да ги реши вашите секојдневни микро одлуки за пренасочување, одобрување и документирање на бизнис процеси. Можете да го дигитализирате вашиот бизнис преку автоматизирање на одредени деловни процеси користејќи PANTHEON WorkFlow.

Накратко, PANTHEON може да помогне во дигитализацијата, но и дигитално да го трансформира вашиот бизнис. Процесот зависи од нивото на дигитализација во Вашата компанија денес и на кое ниво сакате да бидете во иднина, како и кога планирате да пристигнете во таквата посакувана иднина.

Предложете термин за презентација, на која детално ќе ве запознаеме со сите детали од нашата понуда.

Ги очекуваме Вашите пораки
Тимот на ИнКом




 

Контакт информации:slika1
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/


Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>