Важноста од следење и примена на дигиталните маркетинг трендови


„Трендовите исчезнуваат, стилот е вечен. ”
– Ив Сен Лоран

 

Холистичкиот пристап кон маркетингот, во 21 век, вклучува употреба на соодветни дигитални маркетинг алатки. Алатките за дигитален маркетинг се релативно „нов“ начин на кој маркетинг-менаџерите користат модерни технологии во своите бизниси.

 

Неприменувањето на дигиталниот маркетинг истовремено значи и „загуба“ на лидерство на пазарот. Заостанувањето зад конкуренцијата што се однесува на глобални, дигитални, трендови во сопствениото работење не може и не смее да биде цел на било која компанија. Зошто маркетинг менаџерите избираат да ги следат индивидуалните дигитални трендови, или која е важноста на примена на трендовите на дигиталниот маркетинг, се тема на овој блог?

 

Дигиталното рекламирање?

Дигиталното рекламирање е начин на создавање и дистрибуирање на промотивни содржини за корисниците преку разни онлајн и дигитални канали. Најчесто користени канали се:

  • веб-страница
  • социјални мрежи
  • банери
  • е-маил маркетинг
  • мобилен маркетинг
  • оптимизација за пребарувачи (SЕО)
  • PPC (цена по клик) кампањи
  • СМС-пораки

и други дигитални маркетинг канали.

 

Влијанието на дигиталните трендови врз маркетингот

 

Дигиталните трендови имаат значително влијание врз целокупното работење на современите бизниси, особено во дигиталната трансформација на компанијата, а со тоа и на маркетингот како деловна филозофија, активност и деловна функција во компанијата.

 

Дигиталната трансформација на бизнисот не може да се замисли без истовремена примена на дигитални маркетинг алатки во компанијата. 

 

Компаниите кои континуирано ги следат и применуваат современите дигитални трендови, во однос на нивните конкуренти, може да ги „направат“ потребните прилагодувања на сопственото работењ, бидејќи тие се пофлексибилни од другите играчи на пазарот кои не ги следат или несоодветно „бргу“ ги спроведуваат дигиталните трендови во сопственото ранботење.

 

Во 21 век, компаниите се повеќе се изложени на надворешни фактори на влијание. Влијанието на дигиталните трендови врз деловните перформанси се рефлектира и во зголемувањето на степенот на флексибилност на компанијата. Начинот и брзината со кои претпријатието може ефикасно да ги имплементира „новите“ трендови на пазарот во сопствениот бизнис, како што се промените во дигиталните технологии, се рефлектира директно во маркетингот, како деловна филозофија, активност и деловна функција во компанијата.

Успешниот работење во услови на дигитален пазар подразбира навремено прилагодување на маркетинг стратегијата на компанијата во согласност со тековните дигитални трендови.

 

Имплементација на дигитални трендови и (дигитални) маркетинг стратегии

Спроведувањето на дигиталните трендови значи дека компанијата е постојана во посветеноста континуирано да инвестира (не) материјални ресурси во развојот и користењето на разни алатки за дигитален маркетинг. Кои дигитални маркетинг алатки ќе ги користи компанијата зависи од избраната стратегија за дигитален маркетинг на компанијата.

Компанијата може да избере да работи целосно со користење само со дигитални маркетинг алатки, но и со комбинирање на употреба на традиционални и дигитални алатки за маркетинг.

Степенот до кој компанијата ќе продолжи да применува традиционални алатки за маркетинг, односно дали компанијата исклучиво ќе примени дигитални маркетинг алатки зависи од дефинираната (дигитална) маркетинг стратегија на компанијата.

Во 21 век, не може да се замисли еден бизнис, барем во минимална мерка, да не користи неколку алатки за дигитален маркетинг, на пр. веб маркетинг, социјални мрежи итн.

Степенот на примена на една или повеќе дигитални алатки за маркетинг во една компанија зависи од дигиталната писменост на носителите на одлуки, стратешките и маркетинг-менаџери како и од избраниот начин на кој компанијата сака да комуницира со целниот пазар.

 

Важноста на примена на трендови на дигитален маркетинг

 

Доколку сакаат да бидат конкурентни на (глобалниот) пазар, а дигиталниот пазар е глобален во исто време, домашните бизниси треба да применуваат современи дигитални трендови во своите бизниси. Примената на дигиталните трендови има директно влијание врз конкурентноста на домашните бизниси и ова е прва во низата дигитални маркетинг карактеристики за успешно деловно работење.

Друга карактеристика или предност при примена на трендовите на дигитален маркетинг е креативноста . Разновидноста на алатките за дигитален маркетинг им овозможува на маркетинг-менаџерите да креираат промотивни кампањи на покреативен начин, вклучувајќи ги и нивните (лојални) клиенти како активни чинители, особено преку употреба на социјални мрежи и други дигитални алатки кои овозможуваат двонасочна комуникација.

Изградбата на личен однос со вашиот идеален клиент е релативно „лесен“ со употреба на алатки за дигитален маркетинг. Во споредба со употребата на традиционални алатки за маркетинг, ова е најзначајната предност при примената на дигиталните трендови и нивното влијание врз деловното работење при градење на бренд на пазарот.

 

Заклучок

 

Потребата од примена на дигиталните трендови во маркетингот денес воопшто не е доведена во прашање. Во денешното деловно опкружување, начинот и бројот на дигитални алатки што компанијата ќе ги користи во своето работење, единствено може да е тема на разговор.

Зголемениот број дигитални алатки кои се појавуваат како резултат на различни дигитални трендови не значи дека компанијата има подобар квалитет и поуспешни односи со целниот пазар.

Затоа, во масата на тековни и претстојни дигитални трендови, многу е важно за маркетинг-менаџерите да изберат дигитални алатки што се соодветни за нивниот бизнис.

Користењето на дигитални маркетинг алатки на неефикасен начин само за да бидете во чекор со тековните трендови, не смее да биде заложба на  ниту еден маркетинг менаџер, тие  треба да донесат одлуки кои се стратешк, за кои дигиталните трендови треба само да се следат, а кои треба да се имплементираат, како составен дел на стратегијата за дигитален маркетинг на компанијата.

 

Дигиталната трансформација на бизнисот не може да се замисли без истовремена примена на дигитални маркетинг алатки во компанијата. Ние сме тука да ве водиме низ целиот процес.