Успешна приказна: Balkans Security Services, Белград


Уште еден успешен проект за тимот на ИнКом. Комплетирана е имплементацијата на нов деловен систем во компанијата BSS Белград. Имплементацијата започна кон крајот на 2019, со поставување на материјално-сметководствено работење, кое од првите денови на 2020, веќе комплетно го префрливме на новиот деловен систем – Pantheon ERP. Но, тоа беше само основата за понатамошниот развој на деловните процедури во компанија. Веднаш откако се поставија темелите за здрав деловен систем, се започна со имплементација и дигитализација на процесите:

  1. Продажба и продажен менаџмент – поставивме алатки и деловни процедури за целиот продажен процес. Комерцијалниот сектор својата комуникација со клиентите во Србија ја реализираат низ новопоставениот деловен процес. Ефектите се одлични: квалитетот на понудите и договорите се на ново, поквалитетно ниво. Во исто време менаџментот на компанијата сега има алатки за следење на продажниот процес, и навремено реагира кога е потребно. Покрај поставениот Sales Funnel, во компанијата побараа да имаат и предвидување на продажбата. Оваа алатка сега им дава предвидување (forecast) што можат да очекуваат како продажен резултат во наредниот месец. Наместо да анализираат што поминало, сега во компанијата анализираат што ќе се случи и како тоа да го подобрат!
  2. Интерно менаџерско известување – при имплементацијата на новиот деловен систем, забележавме дека дел од менаџментот воопшто и не го користи системот, бидејки поголем дел од времето се по состаноци надвор од фирмата. Поради тоа, имплементиравме пакети на извештаи кои системот ги испраќа автоматизирано на топ менаџерите секоја вечер. Со ова постигнавме менаџментот да биде правилно информиран за сите состојби во фирмата, а и да ги елиминираме рачните извештаи кои администрацијата им ги подготуваше секојдневно.
  3. Наплата на побарувања – процесот на наплата на побарувањата комплетно го автоматизиравме. Дигиталната трансформација се покажа успешна, бидејки се намалуваат обврските на администрацијата и комерцијата, и им се остава повеќе простор за другите креативни оврски.
  4. Буџетирање и бонуси – планирањето, посебно во оваа комплексно време е исклучително значајно. Наместо да оставиме на случајност, со компанијата реализиравме про-активно планирање на приходите и трошоците во услови на пандемија, и дефиниравме одржлив систем, каде секој си ги знае личните таргети и бенефити од остварување на истите.

Менаџментот на компанијата Balkans Security Systems, задоволен од имплементацијата на новиот деловен систем, дополнително го ангажираше тимот на ИнКом за имплементација на деловен систем и во сите останати фирми од групацијата.