Платформа за Мобилен Сервис
Платформата за Мобилен Сервис е ефективен линк помеѓу канцеларијата и теренот на работа. Оваа професионална алатка нуди поддршка за секаков тип на бизнис за време на теренска работа. Наменет е за менаџирање, оптимизирање и следење на бизнис процесите, функционирајќи на далечни локации надвор од канцелариите.
Листата на апликации за теренско работење кои ги обезбедуваме, можат да се користат независно или комплетно поврзано со основниот деловен систем на компанијата. Доколку се користи поврзано со деловниот систем, компанијата корисник добива максимален позитивен ефект.
Понудени апликации од InCom
Промоцијата на продуктите во малопродажба бара квалитетни алатки за следење и менаџирање на овој процес. Апликацијата за промоција на продажбата, собира информации од продажните места дефинира од самата компанија, дава можност да се земе слика од рафтовите, но и да се земат податоци за конкуренцијата. Промоцијата на продажбата неможе да се остави на случаен извор на крајниот купувач, туку е потребно да се потпре врз модерна и достапна технологија.
Оваа апликација значително може да ги намали и трошоците на компанијата за промоција на продажбата. Наместо голем број на искусни агенти за промоција на продажбата, компанијата може да ангажира одреден број на помалку искусни теренски работници, кои ќе бидат координирани од самата компанија, каде ќе биде лоциран координатор на оваа мрежа на агенти за промоција на продажбата. Преку следење на нивните посети, земените слики од продуктите, податоците за конкуренцијата, координаторот на продажбата ќе може да реагира брзо на барањата на пазарот.
Продажба од асортиманот кој комерцијалистот го има во своето возило, или амбулантна продажба претставува сложен процес во кој комерцијалистот треба да има достап до многу важни информации. Во исто време, комерцијалистот со оваа апликација на брз и едноставен начин ги решава теренските задачи, при што од својот рачен принтер издава испратница / фактура, за робата која купувачот ја избрал.
Препорачуваме апликацијата да се користи на PDA уред, но може да се користи на таблети во одредени компании во кои робата која се продава е соодветна за таков уред. Преку оваа апликација најчесто се печатат:
– Испратница
– Фактура
– Повратница
– Нарачка
Интересна карактеристика на оваа апликација е и можноста за електронски потпис на самиот таблет, директно од комерцијалистот и купувачот за потврда на трансакциите.
Посета на купувачите и креирање на нарачка при таа посета, претставува процес кој оваа апликација успешно го решава. Комерцијалистот има можност да го понуди целиот асортиман на компанијата, и во тој процес потребно е да има достап до многу важни информации (вкупен долг, последна нарачка, отворени фактури…). Во исто време, комерцијалистот со оваа апликација на брз и едноставен начин ги решава теренските задачи, при што од својот рачен принтер печати нарачка, за робата која купувачот ја избрал. Поради природата на мобилната продажба, комерцијалистот може да понуди и потпишување на нарачката директно на својот таблет, со што оваа апликација може да се користи комплетно во режим на без-хартиено работење.
Оваа апликација се користи и за следење на доставата. Корисни примери за ова е достава на мебел на домашна адреса. Со помош на оваа апликација, компанијата ќе има увид во рутата на своите возила, но и потребната документација за достава ќе се подготвува значително побрзо.
Интересна карактеристика на оваа апликација е и можноста за електронски потпис на самиот таблет, директно од комерцијалистот и купувачот за потврда на трансакциите.
Продажните состаноци најчесто се запишуваат во нотес, кој комерцијалистот го носи со себе. По враќање во канцеларија, комерцијалистот креира понуди врз основ на информациите кои ги запишал. Оваа апликација значително го поедноставува и забрзува тој процес. Неколку елементи се значајни:
– Можноста однапред да се дефинира текот на разговорот, со што компанијата ќе понуди унифициран продажен пристап на своите продажни агенти
– Нема препишување на информации, со што понудите се изготвуваат со намалени трошоци
– Може да се зголеми бројот на посети по продажен агент
– Веднаш по заклучување на состанокот, апликацијата може да креира понуда и автоматски ќе ја испрати на соговорникот
Треба да се напомене, дека агентите за продажба, при наредните посети ќе ги имаат сите информации од претходните посети на дофат, со што ќе се подобри и квалитетот на нивните активности.
Компаниите користат различни записници со кои ги констатираат состојбите при контрола на процесите во компанијата. Контролата на квалитетот во производствени компании, контрола на процесите во кујна, производство на храна или било каков производствен процес е редовна задача и потреба. Оваа апликација е решение за ваквите операции.
Тимот кој ја извршува контролата на квалитет, ќе ги има пред себе сите потребни информации потребни во самиот процес на контрола, ќе може да зема слики од состојбите, да ги анализира и споредува старите и новите состојби и на таков начин значително да ги подобри ефектите од сопствениот ангажман.
Голем број на услужни компании, извршуваат сервисни операции на терен. Апликацијата за работен / сервисен налог, дава можност за евиденција на:
– Искористен потрошен материјал
– Употребени материјали
– Време потребно за изведување на активностите
Преку оваа апликација, на терен може да се издаде Работен / Сервисен налог и истиот веднаш да се прифати од купувачот. Дополнително, самата компанија ќе има подобар увид во активностите на своите сервисери, со точен увид во времето кое е искористено на терен, како и нивно движење.
Комуналните претпријатија при посета на своите претплатници, собираат информации од броилата. Тие информации интегрирани со Pantheon ERP, ќе може да го намалат времето за издавање на фактури, но и да ја зголеми брзината и квалитетот на услугата.
Истата апликација се користи и за евиденција на коментари / барања од претпатниците, кои компанијата може да ги искористи за подобрување на својата услуга.
Во процесот на производство, оваа апликација се користи за евиденција на операции, како и за евиденција на искористениот потрошен материјал, како и за евиденција на извршените операции.
Користејќи ја оваа апликација, производствените компании можат да добијат детален увид на операциите во фабриката во реално време, што придонесува за максимизирање на ресурсите со кои располага компанијата. Кај индустриски капацатите во кои е значајно да се следи извршувањето на операциите во реално време, а не по завршување на денот, оваа алатка преставува одлична опција.
Компаниите за производство на пијалоци, имаат свои специфични потреби, кои оваа апликација успешно ги решава. Апликацијата може да се користи за:
– Промоција на продажбата, преку следење и позиционирање на продуктите
– Евиденција на достава на нарачките
– Мобилно собирање на нарачки
– Амбулантна продажба на пијалоците од возилото
Корисна апликација за агентите за недвижнини, кои преку оваа апликација имаат увид до понудата на терен. Преку оваа апликација, агентите имаат пристап до сите понудени објекти, и можат во реално време да ги следат промените. На таков начин, агентите за недвижнини, добиваат моќна алатка која може значително да ги подобри ефектите од нивната работа.
Агентите за недвижнини, ја користат оваа апликација и за собирање на информации за нови објекти кои ќе ги додадат на својата понуда. Вградената опција за сликање на објектот, при што сликата и другите факти во ист момент стануваат достапни за сите агенти од компанијата, придонесува да се зголемат шансите за успех.
Агентите за недвижности оваа апликација ја користат и за пребарување на понудата заедно со своите потенцијални коминтенти на терен, при што ги забележуваат нивните желби додека го прават пребарувањето.
Продажбата на осигурување бара голем број на информации кои агентот за осигурување е должен да ги пополни, за да може да ја изготви понудата за осигурување или самата полиса за осигурување. Преку оваа апликација, тој процес е предефиниран и го води самиот агент за продажба низ процесот на преговарање и склучување на осигурување.
Апликацијата се користи на таблет, а на агентите за осигурување им се дава можност преку истиот уред да ги прегледаат дефинираните услови за осигурување со потенцијалните осигуреници, или директно да им ги проследат на маил. На таков начин, агентите за осигурување ги имаат сите потребни алатки за продажба, во својот таблет.
Медицинските претставници од фармацевтските компании, секојдневно посетуваат голем број на лекари и аптеки. При тие посети, користејќи ја оваа апликација, евидентираат:
– Коментари за време на состанокот
– Информации за конкуренцијата
– Позиционирањето на продуктите на рафтови (со слика или опис)
– Нарачки
Фармацевтските компании преку оваа апликација, добиваат многу подобар увид за активностите на своите претставници. Апликацијата ги евидентира сите локации на посета, со што компанијата може да ги следи во реално време и локација. Дополнително, претставниците добиваат повеќе време за посети, бидејки нема веќе потреба од креирање на извештаи за дневните активности, бидејки сите извештаи се креираат автоматизирано.
Дефинирање на рути за посета, им помага на медицинските претставници да ги планираат своите посети, со што ќе ја зголемат својата ефикасност. Опцијата да се прикажат сите потенцијални локации во радиус од моменталната позиција, им дава на медицинските претставници алатка за флексибилно работење
Попис на основните средства, е потреба на сите компании. Апликацијата за основни средства дава можност за попис на основните средства со користење на скенирање баркод лепенки. Користењето на оваа апликација, го забрзува процесот на попис и ја зголемува точноста на оваа операција
Поштенските оператори по правило имаат голем број на курири кои на терен земаат, носат и предаваат пакети. Нивното следење, значително е подобрено преку оваа мобилна апликација. Опциите како сликање на пакетот, без-хартиено потпишување на прием / предавање на пратката, како и следење на куририте во реално време се значајни карактеристики на оваа апликација
Апликацијата за истражување и собирање на информации, овозможува теренско собирање на информации, без потреба од нивно препишување. Многу е значајно да се напомене, дека технологијата која се користи, овозможува брзо дефинирање на прашалникот, како и негово менување според потребите.
Апликацијата најчесто се користи на таблет, при што може да се користи во online и offline мод, што ја прави флексибилна за различни ситуации.
- Промоција на продажбата
- Амбулантна продажба
- Мобилна продажба / Достава
- Продажен состанок
- Контрола на квалитет
- Работен / сервисен налог
- Читање на броила на корисници
- Индустриско производство
- Производство на пијалоци
- Изнајмување станови и други објекти
- Продажба на осигурување
- Медицински представници во фармација
- Менаџирање на основни средства
- Поштенски услуги
- Истражувања и собирање на информации
Апликациите можат да се користат на компјутер, таблет, smartphone, PDA уреди со Android подршка, а нашиот тим разви и интеграција на овие апликации со Pantheon ERP, со што нашите корисници добиваат максимално квалитетен и интегриран деловен процес.
Компаниите корисници на Pantheon ERP, ќе можат да ги добијат сите понудени апликации на македонски, албански, англиски или било кој друг јазик