Изјави


Компанијата Асгето е компанија со 25 годишна традиција. Покрај нашите активности во Косово, започнавме со ширење на бизнисот и во Албанија и Македонија. Овој процес е подржан од консултантите на InCom, кои со своето меѓународно искуство ни се од голема помош во сите држави во кои функционираме.

Петрит Кусаридиректор на Асгето

Нашиот производствен процес значително се забрза со помош на InCom. Процесите во производството ги контролираме, следиме и планираме. Сето ова ни го овозможија консултаните кои работеа на имплементација на ERP софтвер во нашата компанија.

Боре Андоновдиректор на Алмак

Услугите на InCom ги користиме во последните 3 години. Растот на продажбата во тие години е 87%, а голема заслуга за тоа имаат консултантите на InCom кои нашиот продажен процес го направија да биде ефикасен и без непотребна администрација.

Ѓоко Новоселскидиректор на АБ Новоселски

Сопствено производство и мрежа на продажни салони, е нашата деловна стратегија. InCom ни помогна сите деловни процеси во компанијата да бидат организирани и квалитетни, на радоста на нашите корисници.

Влатко Тасевкомерцијален директор на Мебел-Ви

Производството во нашата компанија е одлично организирано, со огромна помош на InCom. Сите наши специфики во продажниот процес, ги дефинираа и имплементираа за многу кратко време. Како производител на прехрамбрени продукти, ни беше од огромно значење да добиеме следење по лотови. Тоа денес функционира извонредно.

Слободан Тупаровдиректор на МАКС Струмица