InCom профил


InCom е IT услужна компанија. Со напорна работа, големо искуство и посветеност работиме за нашите корисници.

Споделени вредности

искусен тим
иновативни решенија
24/7 поддршка
докажани резултати

Имаме изградена репутација за квалитетни услуги применувајќи го нашето знаење и искуство во имплементација на ERP софтвер, е-комерц решенија и секаква помош на нашите корисници во справување со проблемите во користење на различни софтверски програми или ИТ технологија. Нашите експерти имаат долгогодишно искуство со ИТ технологија и имаат учестувано во повеќе стотина проекти во Македонија и во регионот. Нашето искуство е во функција на подобрување на перфомансите на Вашето работење.

InCom е десна-рака на своите корисници. Од избор на соодветно софтверско решение согласно потребите и проблемите, преку консултации за подобрување на деловниот процес и совети за подобра интерна организација, па се до промена на интерните работни процедури. Нашиот тим наместо консултации, дава конкретни решенија и работи заедно со корисниците на спроведување на овие цели. Ние сме дел од тимот на нашите корисници. Живееме во информатичко општество, каде примената на информационата технологија веќе не е прашање на избор, туку прашање на постоење. Корисниците на InCom се компании на кои им е потребен искусен и доверлив тим, кој ќе им помогне во подобра примена на технологијата во работењето.

InCom пружи ефективна ИТ поддршка преку избор на соодветни софтверски решенија, нивна успешна имплементација, како и преку поддршка во користењето. Но, најначајно од се, ги подобруваме интерните работи процедури преку употреба на информациона технологија.

InCom е вашиот доверлив IT партнер

партнерство со корисниците

партнерство со глобални компании

партнерство со локални компании

партнерство со вработените

Се водиме од идејата да имаме партнерски релации со нашите корисници. Веруваме дека нашите корисници имаат комплетна доверба во нас. За да ја оправдаме довербата ние градиме партнерски релации со познати светски компании, кои не обезбедуваат со исклучителни софтверски решенија. Нив ги надополнуваме со локални софтверски решенија од доверливи компании. Партнерството со вработени не обезбедува со потребната експертиза.

Дел од нашите клиенти