Со радост ве известуваме, дека ја завршивме интеграцијата на нашето решение, MSP од i-Rose со Pantheon ERP од Datalab. Extra Delicates од Косово, го користи MSP како алатка за поддршка на бизнис процесите кои се случуваат на терен. Мобилната апликакација MSP овозможува offline продажни процедури, генерирање на фактури и нарачки на терен за купувачите на Extra Delicates во Косово. Оваа функционалност, посебно на локации без GPRS интернет, ја обезбеди компанијата да има непречен и непрекинат продажен процес. Предноста да се има инсталирана апликација на мобилниот уред, споредена со конкурентски web апликации за теренска продажба, е многу значајна за успешна теренска продажба. Во текот на 2019, голем број на фактури и нарачки креираа теренските продажни агенти на Extra Delicates. Процесот на имплементација беше брз и ефикасен.
InCom ERP, обезбеди имплементациски и услуги за поддршка во овој проект. Но, најзначајно е да се напомене дека компанијата, креираше апликација за автоматска синхронизација која се користи за размена на податоци помеѓу Pantheon ERP и MSP. Оваа апликација, ги префрла основните податоци како и информациите за залиха во комбињата во мобилните уреди, и креира фактури и нарачки во Pantheon ERP.
Што велат корисниците?
Користењето на MSP за нашите продажни агенти не обезбеди со квалитетна продажна алатка. Нашите клиенти се задоволни од нашата услуга и од имплементираните продажни алатки, како и од подобрениот продажен процес. Интеграцијата со нашиот back-office Pantheon ERP, дополнително ја подобри нашата ефикасност. Ние веќе не ги препишуваме теренските документи во Pantheon ERP, и оваа намалување на трошоците е исто така значајно за нашата компанија. Ги елиминиравме грешките при препишување, и ги обезбедивме нашите продажни агенти со модерна и ефикасна алатка.