Ефикасно производство


Придобивки од автоматизација на вашите производствени процеси користејќи ЕРП систем

Да се одредат и анализираат бизнис придобивките од користењето на еден ЕРП систем е тешко за било која производствена индустрија. Повеќето домашни компании не се ни свесни за круцијалноста на менаџирање на процестите користејќи деловен систем додека пак на светско ниво ЕРП системите успешно владеат и претставуваат основна деловна алатка веќе три децении.manufacerp - naslovna

ЕРП (Систем за Планирање на Ресурсите) софтверите ја обезбедуваат потребната инфраструктура за ефикасно одвивање на сите оперативни процеси во производствени компании од различен тип и големина.  Овие системи се приоритетна технологија која МОРА да се имплементира бидејќи бизнис окружувањето во производствениот сектор станува исклучително конкурентно, фирмите од било која дејност мора да обмислат, развијат и испорачаат високо квалитетни производи во краток период, со најниски можни трошоци а висок квалитет со цел да ги освојат а потоа и задржат клиентите.

Тимот на ИНКОМ ЕРП со текот на годините има насобрано КВАЛИТЕТНИ ЛЕКЦИИ од големото искуство со имплементација на производствен ЕРП систем во мали и големи производствени компании низ Балканот. Нашето профтолиото е исполнето со фирми од текстилната индустрија, потоа лидери во регионот за производство на мебел и душеци, интернационални компании со локални фабрики за изработка на делови за автобуси и автомобили, фирми кои се занимааваат со изработка на метални и челични конструкции како и голем број фабрики од прехранбената индустрија.

 

Генерално, дневното оперативно функционирање во производствните компании е се само не едноставно. Процесите се комплицирани а мора да бидат извршени ефикасно при тоа следејќи ги протоколите за квалитет и сигурност. Освен тоа постојат најразлични варијабили и аспекти кои менаџментот треба да ги земе во предвид со цел да обезбеди правилна и перфектна изработка. Во основа барањата на производствените компании се многубројни и решенија на истите може да се добијат САМО доколку се инвестира во ефикасен и квалитетен деловен систем.

Во овој текст ќе набројам и кратко продискутирам  за дел од придобивките кои нашите клиенти ги добиле после имплементацијата, односно со автоматизацијата на нивните производствени процеси користејќи го ПАНТЕОН ЕРП системот.

1. СТАНДАРДИЗАЦИЈА НА БИЗНИС ПРОЦЕСИТЕ

Како што расте производството така и самите операции во компанијата стануваат додатно покомплицирани. Пантеон деловниот систем ви овозможува автоматизација на сите бизнис операции притоа обезбедувајќи точни и навремени информации.  Ефикасноста и продуктивноста се зголемуваат бидејќи вработените сега веќе лесно ги извршуваат комплексните процеси, се елиминираа грешките и дуплиот внес на податоци што овозможува да се изврши РЕАЛОКАЦИЈА на ресурсите кон извршување на повеќе СТРАТЕГИСКИ ОПЕРАЦИИ кои носат поголема вредност. Со други зборови се обезбедува дополнително време и добар, транспарентен тек на информациите поради што компаниите добиваат вработени фокусирани на бизнис процесите и подобрување на услугата која ја нудат наместо на менаџирање на системот.

2. НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ

2. inventory optimization

Со оптимизација на нивоата на залиха нашите клиенти забележале значително намалување на трошоците. Тоа се овозможи поради ПОДОБРЕНО ПЛАНИРАЊЕ на побарувачката, поефикасно КООРДИНИРАН СИСТЕМ НА НАБАВКА и дистрибуција, многубројните извештаи кои покажуваат неактивни залихи и планирања според трендови од претходни периоди. Сето ова дозволува капиталот (средствата) со кој се располага да не биде врзан како залиха и трошоци за управување на истата, туку да се искористи за други цели за раст на претпријатието, а од друга страна се добива навремен и ефикасен систем на производство и JIT испорака.

Пантеон ЕРП системот ви овозможувања намалување на трошоците и на неколку други начини. Зголемена ПРОДУКТИВНОСТ на вработените води кон намалување на прекувремената работа и на останати трошоци поврзани со вработените и платите (исплаќање по повисоки коефициенти поради работа на празник, ноќна, следење на ефикасноста на вработените со воведување на норми и сл). Зголемената ПРЕТЦИЗНОСТ во извршувањето на производствени процеси ќе ви овозможи намалување на калото и отпадот како и намалување на корекции поради грешки, важни аспекти на кои губите значителни финансиски ресури.

3. ДОБИВАЊЕ НА КОНКУРЕНТСКИ ПРЕДНОСТИ ПРЕКУ ТОЧНА ЦЕНОВНА ПРЕСМЕТКА

Подобрената следливост и прегледност на сите под-процеси која е овозможена со многубројните извештаи и анализи кои ги нуди Пантеон значително ќе ви помогне при идентификација на потенцијални области каде може да ги намалите трошоците а со тоа и вредноста на чинење на финалниот производ. Точната пресметка на цената на чинење на производ според било кој од прифатените начини на вреднување на залиха (Фифо, Просечни и Плански цени) им овозможува на нашите клиенти да добијам КОНКУРЕНТСКИ ПРЕДНОСТИ  преку намалување на своите цени или пак да да остварите повисока маржа без притоа да се зголемуват продажните цени односно намалува профитот.

4. ПЛАНИРАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА КАПАЦИТЕТИТЕ

4. Production planning

Е една од најбитните придобивки кога зборуваме за производствена компанија. Чест пример од пракса се компаниите кои инвестирале во најсовремени машини, вложуваат безрезервно во вработување на високоедуциран кадар и плаќаат високи цени за обуки на истите. Сепак нешто се губи во целата приказна и сеуште настанува голем застој во производствот: одредени машини се преоптоварени, имаме тесно грло додека другите не се користат ефикасно и има мала изработка со висок трошок.

Планирањето на искористеноста на капацитетите е аспект на кој обрнуваме големо внимание при имплеметацијата на деловниот систем Пантеон. Тоа  означува ПЛАНИРАЊЕ на ресурсите и ТЕРМИНИРАЊЕ на работните налози врз основа на историски податоци (трендови од претходни квартали/години) или врз основа на примените нарачки од клиенти со крајните термини за испорака.

Со планирање на производствените капацитети уште при прием на нарачка нашите клиенти добиваат информација за тоа колку вработени ќе бидат потребни, кои суровини треба да се нарачаат од добавувачи, точен распоред на операции по машини со цел да се оствари најефикасно производство во погон со најниски трошоци. Имајќи ги сите овие информации добиваме Gantt Chart и информација за потребно време на изработка и прв краен термин за финализација на примената нарачка.

5. ОСТАНАТИ ПРИДОБИВКИ

Други придобивки кои вредат да се набројат се можност за РАНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА МОЖНИ ПРОБЛЕМИ кои би настанале при производството како што се погрешни нормативи, недоволно суровини или кадар за извршување на нарачката и сл. Исто така Пантеон нуди опција за БРЗО И ЛЕСНО НАДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ ПЛАН. Пример се случува клиент да се јави во последен момент со инцидентно барање за додатен производ. Менаџментот лесно може да го провери планот, да види дали располага со потребните ресурси и дали на некоја машина има слободен термин за да се вметне дополнителен налог. Информацијата за тоа дали ќе ја задоволи итната нарачка од клиентот ќе може да  ја донесе уште при телефонскиот разговор и таа да биде заоснована на квалитетни и точни информации. Честа појава после процесот на имплементација и реорганизација на производствените процеси е тоа компаниите да станат свесни за вистинскиот обем на нарачки кои би можеле да го процесираат. Поради ПОДОБРЕНОТО СПРАВУВАЊЕ СО НАРАЧКИ ОД ГОЛЕМ ОБЕМ компаниите растат значително без притоа да треба да прават инвестиции во додатни ресурси.

6. АНАЛИЗИ

6.Analysis

Во однос на анализите со Пантеон добивате ЛЕСНО ДОСТАПНИ И КВАЛИТЕТНИ ИНФОРМАЦИИ кои овозможуваат компаниите да направат паметни бизнис одлуки и решенија за идни чекори кон кои треба да се насочат. Една од главните предности која нашите клиенти често ја истакнуваат е тоа што конечно имаат ЕДНА ВЕРЗИЈА НА ВИСТИНАТА. Што тоа означува: пред имплементација на еден ваков интегриран систем секој оддел најчесто работи во различни програми кои не се поврзани меѓу себе или уште полошо секој вработен води одделни ексел табели. На овој начин неретко се случува менаџментот да добие различни податоци, цифри и одговори на исти прашања поставени до различни бизнис единици, што значително го отежнува следењето на KPI и носењето на нови бизнис одлуки.

Освен многубројните системски исписи кои Пантеон ги нуди, при имплементацијата изработуваме и различни custom made извештаи кои им се неопходни на корисниците за подобри анализи или специфични барања од топ менаџментот односно групацијата.

Тимот на ИнКом стои на располагање за додатна дискусија во врска со горенаведените придобивки и некои останата неспомнати. Додатно нашите референтни корисници се транспарентно наведени на нашата Веб страна (incom.mk) доколку сакате да погледнете реален пример и искуство директно од корисниците на Пантеон ЕРП системот .

 

Анета Долинска

InCom – Сениор ЕРП консултант