Апликации за теренско работење


 Горди сме да го објавиме партнерство со словенечката компанија i-Rose. Како одговор на светските трендови за мобилни деловни решенија, ставивме на располагање за нашите корисници поголем број на мобилни апликации. Се работи за технологија, која има голем број на корисници во повеќе Европски држави, а со која овозможуваме мобилно работење. Понудените апликации функционираат online, но можат да се користат комплетно offline, благодарејќи на одличната технологија на синхронизација.


i-rosepremiumpartner

Компанијата i-Rose е основана 1992 година, а целиот свој фокус последните години го става на развојот на апликации за теренско работење. По своите продукти е препознатлива во Словенија, но и во поголем број на Европски држави. Користејки квалитетни технологии, компанијата развива свое висококвалитетно решение за теренско работење, со повеќе намени. Покрај можноста за offline работење, понудената технологија има и други многу значајни карактеристики:

– Ефикасно креирање нови апликации спрема потребите на корисниците
– Поврзување на податоците од канцеларија со податоците од терен

Понудените апликации се:

1. Промоција на продажбата (merchandising)
2. Амбулантна продажба
3. Мобилна продажба / достава
4. Продажен состанок (скрипта за разговор, meeting minutes но и генерирање понуда)
5. Контрола на квалитет
6. Работен / Сервисен налог
7. Читање на броила на корисници
8. Индустриско производство
9. Теренски операции за производство на пијалоци
10. Изнајмување на станови и други објекти
11. Продажба на осигурување
12. Медицински претставници во фармација
13. Менаџирање на основни средства
14. Поштенски услуги
15. Истражувања и собирање на информации

 

Апликациите можат да се користат на компјутер, таблет, smartphone, PDA уреди со Android подршка, а нашиот тим разви и интеграција на овие апликации со Pantheon ERP, со што нашите корисници добиваат максимално квалитетен и интегриран деловен процес.

 

Компаниите корисници на Pantheon ERP, ќе можат да ги добијат сите понудени апликации на македонски, албански, англиски или било кој друг јазик, но многу е значајно да се истакне поврзаноста на податоците собрани при теренска работа, со податоците од канцеларија.