Newsletter 7 : 9 Совети за поуспешна наплата


ТЕМА НА БРОЈОТ

Дали вашата компанија има проблем да си ги наплати побарувања? Дали чекате на своите пари и повеќе од 100 дена ?

Во овој број, ќе се обидеме да ви дадеме идеи за подобра наплата на побарувања. Ниту една од предложените решенија сама по себе нема да направи чудо.. но, со упорност и со примена на поголем број од предложените решенија, ќе забележите подобрување на овој горлив проблем. Алернатива на ова – е да чекате некој друг да ви го реши проблемот.

Прочитајте ги идеите. Ви стоиме на располагање и да ви ги појасниме искажаните ставови, како и да ги истакнеме успешните приказни во Македонија.

Тимот на ИнКом     

9 СОВЕТИ ЗА ПОУСПЕШНА НАПЛАТА

Во поглед на денешната состојба на економијата, компаниите имаат се поголеми потешкотии и проблеми во однос на наплатата на своите побарувања.

Добрата наплата нуди прилив на финансиски средства и поголема ликвидност на компанијата. Во продолжение информирајте се како да ја подобрите Вашата наплата:

1. Бидете подготвени. Пред да воспоставите контакт со клиентот, приберете ги сите потребни информации. Направете листа од сите фактури, договори или било која друга документација поврзана со клиентот за да имате успешна комуникација;

2. Документирај се. Додека разговарате со клиентот за отворените салда, водете забелешки за се што дискутирате, ставајте акцент на коментарите поврзани со идното плаќање на долгот;

3. На избрзувајте. Пред да го направите иницијалниот повик во однос на наплатата, направете проверка дали долгот е наплатен;

4. Бидете пријатни. Тонот на кој што го водите телефонскиот повик има големо влијание на успешноста на разговорот. Доколку разговорот го започнеме со пријателски тон, поголеми се шансите клиентот да ни одговори позитивно. Исто така, бидете сигурни дека разговарате со вистинската личност поврзана со наплатата.
Никогаш не се приврзувајте со приказната на клиентот, сепак вашата работа е да вршите наплата и треба да ги затворите сите отворени ставки на вашата компанија;

5. Избегнете конфортација и манипулација. Внимателно слушајте и обидете се да дознаете дали причината за отворениот долг на клиентот е легитимна;

6. Кажете стоп на лутината и вознемирувањето. Секогаш обидете се да бидете смирени, дури и во ситуации кога клиентот станува навредлив за време на разговорот. Како најдобро решение во оваа ситуација е да предложите на клиентот дека ќе го побарате малку покасно во текот на денот. Секогаш внимателно слушајте го клиентот и обидете се да го насочите кон водење на конструктивен дијалог;

7. Нудете опции. Доколку клиентот има потешкотии во однос на исплатата на долгот. Обидете се да направите план кој ќе биде од корист и за двете страни. Целта на вашата компанија е да се изврши наплата на долгот најбрзо што можеме;

8. Повторувајте. Штом добиеме информација во однос на плаќање на долгот, во текот на разговорот истата неколку пати резимитајте ја и повторете му ја клиентот;

9. Продолжете со комуникација. Покрај тоа што клиентот не може веднаш да ја изврши исплатата на долгот, често бидете во комуникација зошто постои можност клиентот да дојде до прилив на средства и веднаш да ве има во предвид. Секогаш имајте на ум дека како што стареење на долгот, наплатата станува се потешка.

Веројатно сите овие техники веќе ги имате слушнато. Сигурно дел од нив имате веќе и применето. Не барајте причина зошто некои од техниките ги немате применето. Препорачувам да најдете сила и да ги примените сите техники со кои ќе ја подобрите наплатата.

Тимот на ИнКом ви стои на располагање за разрешување на проблемите со наплатата. Имаме големо искуство со многу фирми до Македонија и регионот. Проблемите секаде во регионот се исти, но со напорна работа и посветеност, проблемот може значително да се намали.

Контакт информации:slika1
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/