InCom Newsletter 13 :: Поблиску до технологијата


Автоматизиран и криптиран бекап 21.2017 – 03.122017

Дали се сигурни вашите електронски (дигитални) фактури, книжења, понуди, работни налози, патни налози, приеми, испратници, пресметки на плати ?   

Дали сте помислиле што ќе се случи ако ги изгубите електронските податоци за вашиот бизнис ?

Многу е чест случајот компаниите да се убедени дека имаат сигурен бекап на податоците и дека се комплетно заштитени од несакани ситуации. Но, кога ќе погледнете како се организирани овие бекап решенија, најчесто се работи за:

Бекап на истата машина на која се и оригиналните податоци. Што значи дека трајно оштетување на машината ќе значи и трајно губење на сите податоци

Бекап на УСБ, кој се прави повремено (најчесто со месеци пауза), но многу често се чува конектиран на самиот сервер

 Повремен бекап на друга машина во истата зграда. Кражба, поплава или пожар се ситуации преку кои повторно ќе останете без сите ваши податоци.

 Рачен бекап на надворешен диск и негово чување на друга локација. Оваа процедура иако е многу исправна и овозможува повраток на податоците, најчесто поради времето кое го бара се прави толку ретко, што зачуваните податоци се премногу застарени

 Автоматизиран бекап на популарните сервиси за чување на податоците. Иако ова решение звучи многу популарно и квалитетно, ако внимателно го причитате упатството кај овие продукти ќе забележите дека не ви гарантираат за податоците. Тие ја нудат својата алатка со стандардни карактеристики, но не и гаранција за повраток на податоците кои ги чувате кај нив.

ИнКом, заедно со партнерот Ascaldera на македонскиот пазар донесе нова алатка за автоматско бекапирање и чување на вашите податоци. Со оваа алатка, сите ваши податоци во текот на ноќта ќе се префрлат криптирано во сигурен датацентар во Швајцарија. Системот чува повеќе верзии од вашите податоци, а истите се криптирани со ваш приватен клуч. Сигурноста на податоците е загарантирана, а максималната количина на податоци кои можете да ги изгубите е еден работен ден.

Пакетите кои Ви се на располагање се:


Контакт информации:slika1
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/