Бесплатна помош за кредитни барања


Компанијата ИнКом ЕРП, им нуди бесплатна помош на сите компании во Македонија, кои сакаат да аплицираат за кредити кои ги обезбедува Посебниот кредитен фонд, обезбеден како одговор на COVID-19 пандемијата. Средствата во Посебниот кредитен фонд, се во сопственост на Владата на Република Северна Македонија, а вкупниот расположив буџет изнесува 338.250.000 мкд.

Се работи за исклучително поволни кредити, со следниве карактеристики:

  • Грејс период 6 месеци (првата рата ја уплаќате кон крајот на 2020)
  • Рок на отплата 2 години
  • Кредитот е со 0% камата и без трошоци за одобрување (како обезбедување потпишувате меница како нотарски акт)
  • Кредитот е во денари без девизна клаузула (ќе вратите точно колку што сте земале)
  • Износот на кредитот е од: 5.000 – 30.000 евра

Овие кредити се дел од програмата на Владата за помош на микро, мали и средни претпријатија.

Доколку имате потреба од ваков поволен кредит, испратете ни маил на info@incom.mk со телефонски број, контакт лице и фирмата за која станува збор. Нашиот тим ќе ве контактира, за да ви помогнеме да ги добиете дефинираните средства.


Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>