Во врска документот за дигитална стратегија може само да кажеме едно огромно БЛАГОДАРАМ, буквално и експлицитно сте навеле сè како што треба, како да сте во наша кожа, благодариме на Вашето време, размислувања и дадени насоки воопшто во однос на нашата работа и како истата да ја подобриме преку дигиталната трансформација. – Waikiki Travel
Изминатите два месеци консултантите на ИнКом беа дел од проектот на МАСИТ, “Патека за дигитализација”, финансиран од УСАИД, наменет за компании кои работат во следните сектори: свежо и преработено овошје и зеленчук, облека и текстил, преработка на дрво и туризам, за поддршка за креирање на персонализирани стратегии за дигитална трансформација со цел да го подобрат нивното секојдневно работење.
Со овој повик, сите компании на кои им беше одобрена апликацијата работеа со искусен консултант со што им се изработи персонализирана стратегија за дигитална трансформација.
Мисијата на консултантите на ИнКом беше да ги поддржат компаниите ефикасно да ги идентификуваат и приоритизираат ИТ решенијата, кои им се потребни и кои потенцијално би имале најголем допринос за подобрување на деловното работење на компанијата. Креирањето на персонализарана дигитална стратегија има за цел да ги анализира тековните деловни процеси и да ги разбере потребите, проблемите и предизвиците на компанијата, врз основа на кои ќе бидат разработени детални препораки за имплементација на ИТ решенија со цел да се подобрат деловните операции на компанијата, поефективно работење и намалување на трошоците.
Една од компаниите за која изработивме проект за дигитална трансформација беше Ваикики Травел, а пофалните зборови од страна на клиентите се секогаш она што ги мотивира нашите консултанти да се беспрекорни во својата работа.