После долгогодишна соработка со повеќе градежни компании и развивање на идеалното решение, со гордост Ви го претставуваме нашиот Пакет за Продажба на Станбени Единици со кој Вашата продажната екипа ќе ја добие најефиксната алатка во процесот на продажба на станови.
Главни карактеристики на овој пакет се:
- база на сите станбени единици и гаражни места со сите атрибути – пребарување на слободни станови, брзо наоѓање на стан кој одговара на барањата на купувачот, анализа на продажбата по згради, спратови, тип на стан…
- резервација на становите
- преглед на статусите на продажниот процес – sales funnel преглед на сите зделки со веројатност за продажба
- брзо креирање на понуди и договори
- слики на зградите и становите, кои се составен дел од базата
- пресметка на бонуси за агентите врз основ на резултати
- генерирање на фактури директно од понудите
Во изминатите години, изградивме голем број на корисни пакети на услуги, преку кои ги адресираме потребите на компаниите.
Предложете термин за бесплатна презентација (онлајн или лично), да дознаете повеќе за тоа како нашите пакет услуги ќе помогнат во Вашето работење. Нашиот тим ве очекува!