Ве известуваме за соединување на тимовите од компаниите ИнКом ЕРП и Даталаб Македонија, кое ќе се случи на 01 Април 2021. Од овој датум, двата тима ќе се обединат под брендот ДАТАЛАБ, обезбедувајќи ги корисниците на деловниот систем Pantheon ERP со потребната деловна поддршка.
ИнКом ЕРП уште од 2011 го имплементира Pantheon ERP, и за овие 9 години успешно комплетираше безмалку 200 проекти базирани на деловниот софтвер. Квалитетната услуга и знаењето за деловните процеси, биле одсекогаш заштитен знак на тимот на ИнКом. Поради ова, во последните години тимот на ИнКом често беше повикуван и во соседните држави, за имплементација на Pantheon ERP – посебно во комплексни производствени компании. Денес тимот на ИнКом ЕРП дава поддршка во деловното работење, на компании во:
- Македонија
- Србија
- Косово
- Албанија
- Бугарија
- Словенија
- Хрватска
Успехот на ИнКом тимот, одсекогаш бил препознаен и поддржан од принципалот Даталаб. Понудата за соединување на тимовите на ИнКом ЕРП и Даталаб Македонија, е логичен чекор со кој оваа соработка уште повеќе ќе се продлабочи. Веруваме дека оваа соединување ќе придонесе за зајакнување на лидерска позиција на Pantheon ERP деловниот софтвер во Македонија, но и ќе придонесе за зголемување на задоволството од користење на овој деловен систем.
Спојување на компании, иако честа појава во голем број на држави во светот, сепак е исклучително ретка појава во Македонија. Даталаб е лидер во понудата на деловен софтвер во југоисточна Европа, па веројатно е логично да е лидер и во овие процеси. Од Април 2021, сите услуги, договори за поддршка и имплементација ќе бидат пренасочени на компанијата Даталаб Македонија, од каде услугите ќе ги реализира истиот тим од ИнКом ЕРП, кој комплетно се префрла во споената компанија. Се радуваме на новите предизвици и можност. Го зголемуваме тимот, кој со оваа спојување станува најголемиот консултантски тим за деловен софтвер во Македонија.
Pantheon ERP денес го користат 64.703 корисници!
Продолжуваме заедно. ЗАЕДНО. ПОСИЛНИ.