Партнерства


Datalab

InCom е долгогодишен PREMIUM PARTNER на Словенечката компанија Datalab. Преку оваа партнерство, на голем број Македонски компании им воведовме модерно  ERP решение, со помош на кое го подобривме нивното работење, ефикасност и  ефективност.

Incom е партнер на Даталаб од своето основање. Во изминатите години имаме  имплементирано најмногу лиценци од софтверот Pantheon, кај голем број на  компании во Македонија. Постојано како premium partner, InCom ги остварува  зацртаните цели, со висок степен на задоволство на крајните корисници.  Препораките од нашите корисници, ни значат и не мотивираат да го подобруваме  нашето работење секој ден.

Модерен хотелски деловен систем (Hotel Management System) интегриран со сметководството во хотелот, но и поврзан со сите расположиви канали за продажба (booking.com, Expedia, Sabre, hotel.info, Hotwire, Tui …), е во нашата понуда како резултат на партнерството со компанијата Clock software. Оваа решение успешно функционира во повеќе од 50 држави во светот и овозможува резервации преку веб страната на хотелот,  работа на рецепција, следење на одржувањето во хотелот – со еден збор: покривање на сите сложени процеси во хотелите.

InCom е авторизиран партнер за имплементација и подршка на оваа решение за Македонија, Косово и Албанија и со својот тим директно работи со хотелите во искористување на потенцијалите на оваа исклучително квалитетно решение (Hotel Property Management System).

Оваа партнерство ни овозможува да им понудиме на хотелите нова димензија во нивното работење, а интеграцијата со POS терминалите како и со сметководствениот систем на хотелот, пружа комплетно покривање на сите потреби на еден модерен хотел. Понудата не бара никаква иницијална инвестиција во хардвер и софтвер, а комплетната транзиција на новата ефикасна платформа го изведуваме за неколку недели.

Clock

i-Rose

Како одговор на светските трендови за мобилни деловни решенија, со нашиот партнер i-Rose, ставивме на располагање за нашите корисници поголем број на мобилни апликации. Се работи за технологија, која има голем број на корисници во повеќе Европски држави, а со која овозможуваме мобилно работење. Понудените апликации функционираат online, но можат да се користат комплетно offline, благодарејќи на одличната технологија на синхронизација.

Понудените апликации се:

  1. Промоција на продажбата (merchandising)
  2. Амбулантна продажба
  3. Мобилна продажба / достава
  4. Продажен состанок (скрипта за разговор, meeting minutes но и генерирање понуда)
  5. Контрола на квалитет
  6. Работен / Сервисен налог
  7. Читање на броила на корисници
  8. Индустриско производство
  9. Теренски операции за производство на пијалоци
  10. Изнајмување на станови и други објекти
  11. Продажба на осигурување
  12. Медицински претставници во фармација
  13. Менаџирање на основни средства
  14. Поштенски услуги
  15. Истражувања и собирање на информации

Апликациите можат да се користат на компјутер, таблет, smartphone, PDA уреди со Android подршка, а нашиот тим разви и интеграција на овие апликации со Pantheon ERP, со што нашите корисници добиваат максимално квалитетен и интегриран деловен процес.