Гo претставуваме InCom newsletters
Со цел да креираме и одржуваме силна и квалитетна клиентска мрежа одлучивме да водиме InCom newsletters. Целта не ни е да ви ги натрупаме вашите поштенски сандачиња, туку периодицно да Ве информираме за новостите во нашата фирма, регионални и светски трендови во сферата на деловниот софтвер и поврзани алатки, како и подетална анализа на веќе постоечките кои ги нудиме.
Планирам да планирам
Сашо Јовановски
Планирање или буџетирање е заборавена менаџерска техника во Македонија. Повозрасните кај нас ќе се присетат дека во големите македонски компании од претходниот систем, имаа цели одделенија за план и анализа. Со распаѓањето на тој систем, една од првите работи од која се откажавме беше укинување на овие одделенија. Планирањето на иднината веќе не беше актуелно !!?
Но, зошто планирањето е значајно?
Дел од придобивките кои би сакале да ги потенцираме од креирањето и следење на годишниот бизнис план се: одлична основа за следење на KPI на вработените, здрава работна околина во компанијата, подо-брена преговарачка моќ со потенцијалните инвеститори како и позитивна корелација со растот во претпријатието.
Подетално за сето ова може да прочитате ТУКА.
Тимот на ИнКом Ве очекува заедно да го креираме првиот буџет на вашата компанија
Во последните 25 години, можат на прсти да се избројат фирмите кои имаат ажурен буџет за функционирање, а фирмите кои се држат до планот како основен док, се уште помалку. Најчесто тоа се компании кои се дел од регионални или светски приказни.
За среќа, полека расте интересот за планирање кај се поголем број македонски бизнисмени. Тој тренд сигурно ќе продолжи и во иднина.
Модерен Хотелски деловен систем
Горди сме да објавиме дека од Јули 2016 Premium Beach Hotel, Драч стана наш прв хотел на Албанската обала која го користи Clock PMS – хотелски деловен систем од најновата генерација.
Сите дневни операции се покриени со модерен софтвер, користејќи cloud технологија и повеќе од 20 години искуство. Системот е дизајниран од Clock Software и се користи во повеќе од 50 држави во светот а е поддржан од искусни консултанти. Обезбедува висока класа на услуги и ИТ алатки за интерни операции.
Повеќе информации прочитајте ОВДЕ.
Тим билдинг – Едрење на Јадран
Нашиот тим и оваа година учествуваше на традиционалното Даталаб едрење на Јадранот. Тоа претставуваа одлична можност да се зацврсти партнерската мрежа како во Македонија така и во целиот регион. Одличната дружба беше покрепена со квалитетна дискусија за Пантеон X, идеи и сугести за подобрувања како и план за идни активности.
Креирање на буџет

Тимот на ИнКом има акумулирано искуство и знаење да ви помогне во тој процес. Еден од значајните пакети на услуги кои ги нудиме на пазарот е пакетот за креирање на буџет, алатка со кои ќе можат да се следат резултатите од работењето.
Контакт информации:
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/
