ТЕМА НА БРОЈОТ
Во овој број ќе обработиме неколку интересни теми за деловен софтвер и за организација на деловните активности во компаниите. Темите се:
– КОГА ДО НОВ ДЕЛОВЕН СОФТВЕР :: Како да препознаете дали е вистинско време за нов деловен софтвер (ЕРП) во вашата компанија
– ТЕРЕНСКА РАБОТА :: Кои се потребите за деловен софтвер надвор од канцеларија – сервисери, инкасанти, продажба на терен…
– КАСПЕРСКИ АНТИВИРУС :: Промотивна АКЦИЈА на еден од најдобрите антивирус програми на светот
Се надеваме дека ќе го привлечеме вашето внимание со овие текстови.
Уживајте.
Тимот на ИнКом
Никогаш не е вистинско време за почеток на имплементација на Вашиот нов деловен систем (ERP) ??!
Дали ги имате чуено следниве коментари : 
1. Вработените се многу ангажирани во овој период !!
2. Дел од менаџерите нема да се на работа во следниот период
3. Не сме сигурни дали ќе најдеме средства во буџетот
4. Токму сега е лошо врeме
5. Да почекаме да видиме што ќе се случи со економијата
Ви звучи познато ? Постојат многу различни причини кои ќе ги чуете зошто една организација неможе да ја започне нивната имплементација на нов деловен софтвер токму сега (ERP софтвер).
За жал, никогаш не е вистинско време да се започне со ваква иницијатива, но ова е нешто што повеќето организации треба да го направат за да го развијат нивниот бизнис, да пораснат, да ги зголемат приходите или да ја подобрат испораката до корисниците. Со други зборови, ова е неопходно зло кое не е ниту лесно за да биде успешно.
Но во исто време постојат многу причини зошто започнување на ЕРП проект сега има многу повеќе логика отколку да се чека. Тука ќе презентираме 4 приоди кои ќе ви помогнат да одредите дали сега е вистинско време:
1. Измерете ги трошоците и споредете ги со бенефитите од користење на нов деловен софтвер. Секако дека постојат одредени трошоци поврзани со започнување на проектот сега. Но најчесто, во повеќето случаеви, бенефитите од новиот систем далеку ги надминуваат иницијалните трошоци. Посебно ако изберете нова технологија која може да ви помогне да ги зголемите приходите, да ги намалите трошоците, да ја зголемите ефикасноста и да им го направите на вработените животот полесен. Исто така – разгледајте колко ве чини не решавањето на овие проблеми. Ова секогаш треба да се провери, бидејќи постои реален трошок и при непреземање на активност.
2. Развијте своја стратегија за развој на ИТ и ЕРП. Широката ЕРП понуда денес, може да ја доведе анализата на понудата во комплетна парализа. Но, изборот на соодветно решение за вашиот бизнис немора да биде толку сложено. Најпрвин креирајте сопствен став за технолошките опции кои одговараат на вашите потреби. Разгледајте ги сите опции и донесете одлука, дали за вашата компанија одговара Software-as-a-Service моделот или повеќе ви одговора да ги купите лиценците. Дали преферирате централизиран или децентрализиран систем.. Еднаш кога овие одлуки ќе ги донесете, и кога ќе знаете какво технолошко решение барате, вашата конечна одлука и избор ќе бидат многу полесни.
3. Разгледајте ги вашите ЕРП алтернативи. Можеби ќе се покаже дака навистина на е вистинско време да барате нов ЕРП систем за целата организација. Можеби надоградба на вашиот тековен систем, ќе ви донесе подобри резултати за помали трошоци. Можеби само со ре-инженеринг на вашите бизнис процеси ќе ги постигнете саканите резултати. Што и да одлучите, немојте да мислите дека е неопходно да имплементирате комплетно нов систем за да го унапредите работењето. Разгледајте ги алтернативите и измерете ги трошоците и бенефитите од алтернативните решенија.
4. Не ги мешајте потребата да сочекате со отпорот во компанијата. Често, одложените ЕРП одлуки се поврзани со отпорот во компанијата за промени, отколку на легитимна бизнис причина. Менаџментот несмее да биде причина за одлагање на иницијатива која ќе донесе реални бизнис бенефити за вашата организација. Вашата организација треба да одржува ниво на спремност да прифати нови предизвици, да ги препознае причините и изворите на отпор кон промени, за да успее да ги помести непотребните бариери.
Наместо да барате причини зошто СЕГА НЕ Е ВИСТИНСКО ВРЕМЕ, можеби треба да почнете да размислувате за бенефитите за вашиот бизнис на долг рок.
ТЕРЕНСКА РАБОТА
Голем број на услужни и трговски компании, извршуваат операции надвор од канцелариите. При овие активности членовите на тимот, имаат реална потреба од информација која може да ја добијат само во канцеларија. Во исто време, на терен доаѓаат и до информации кои можат да бидат од витално значење за самата организација… информации кои денес ги запишуваат во тефтер и ги пренесуваат вербално во компанијата.
Потребата постои и е реална. Но, најчесто за решавање на оваа потреба, компаниите користат записници на хартиени формулари, а поретко истите факти ги препишуваат во електронска копија. Ваквите записници даваат основ за подоцнежна анализа. Но, податоците кои се собрани на ваков начин не се подготвени за дополнителни анализи. Во оној момент кога ќе се создаде потреба за анализа на записниците, компаниите започнуваат нов процес на реорганизација на податоците за да дојдат до потребните факти. Тоа е макотрпна работа, што предизвикува откажување од процесот на анализа, а со тоа директно се влијае на намалување на квалитетот на услугите кои ги пружа самата компанија.
Апликацијата за работен / сервисен налог, дава можност за евиденција на:
– Искористен потрошен материјал
– Употребени материјали
– Време потребно за изведување на активностите
– Информации за корисникот
– Информации корисни за продажбата
– Евиденција на информации за конкуренцијата
– ….
Преку оваа апликација, на терен може да се издаде Работен / Сервисен налог и истиот веднаш да се прифати од купувачот. Дополнително, самата компанија ќе има подобар увид во активностите на своите сервисери или друг персонал активен вон канцеларија, со точен увид во времето кое е искористено на терен, како и нивното движење.
Модерно решение за теренска работа, е комбинација од деловен софтвер и достапни мобилни уреди. InCom field services деловниот софтвер, може да се користи на таблет или телефон, и со тоа станува многу ефикасна алатка за евиденција на било каков настан, кој ќе ни помогне во процесот на аквизиција на податоците. Лесен за користење и секогаш достапен. Тоа се карактеристики кои се потребни за да има широка примена при работа вон канцеларија во услужните и трговските компании.
Тимот кој ја извршува теренската работа, ќе ги има пред себе сите потребни информации на терен, ќе може да зема слики од состојбите, да ги анализира и споредува старите и новите состојби и на таков начин значително да ги подобри ефектите од сопствениот ангажман.
АКЦИЈА :: Kaspersky small office security
Kaspersky small office security е производ специјално дизајниран за бизниси со 5 до 50 корисници, кои треба да ги заштитат своите сервери, работни станици и мобилни уреди. Kaspersky small office security води грижа за заштита на Вашата мрежа додека вие се грижите за вашиот бизнис.
Акцијата 3 години Касперски заштита за платени 2, трае до 30.06.2017. Ова е одлична прилика да го заштитите вашиот бизнис, податоците и одржливоста на вашите деловни операции.
Испратете ни го бројот на уреди (сервери, компјутери, мобилни телефони), за да ви доставиме конкретна понуда за Вашата компанија.
Контакт информации:
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/
