Во време кога од сите страни слушаме за клуб картици и програми за лојалност, сигурно и самите се прашувате дали и вам ви е потребна една таква програма за вашите купувачи !? Но, пред да ја поставите Вашата нова програма за лојалност, потребна е анализа и организација. Тимот на ИнКом креираше сопствен пакет за програма за лојалност, кој вклучува:
Предности со квалитетна програма за лојалност
Чест е случајот во кој компаниите имаат испечатени картички за попуст. Ваквите картици, без соодветна програма за лојалност претставуваат само непотребен трошок за компанијата, и не даваат никаков бенефит. Ваквите картици не го мотивираат купувачот да доаѓа постојано кај вас и да биде редовен купувач, затоа ваквите картици имаат само негативни импликации:
- Имате трошок за нивно печатење и дистрибуција
- Давате попуст без правила, па од попустот немате никаков бенефит, само директен трошок
- Немате правила за програмата, па луѓето без картица се чувствуваат измамени.
Како да постигнете лојалност од Вашите купувачи?
Нашиот ПАКЕТ ЗА ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ, ви ги нуди сите претпоставки за модерна програма за лојалност. Со него ќе ви овозможиме:
Нивоа на лојалност
Автоматска промена на ниво во програмата за лојалност во 2 насоки. Со купување, вашите купувачи стекнуваат можност да преминат на повисокото ниво, но со големи паузи помеѓу 2 купувања системот автоматски им го намалува нивото. Секако, системот ќе ги извести со автоматска маил порака за намалување на нивото во програмата, па купувачите ќе можат да го задржат нивото во програма, со купување во последен момент
Ваучери за подароци
Понудете им на вашите членови на клубот, да купат подарок Ваучер. Со овој механизам, го мотивирате вашиот член на клубот, но добивате и нов член.
Интегриран Business Intelegence модул
Целата програма за лојалност, нема да ги постигне саканите цели, ако податоците не ги систематизирате и анализирате. Интегрираниот модул за business inteligence, ќе ви даде одговор за време на купување, профил на ваш најчест купувач, географски податоци за вашата програма за лојалност и многу други скриени информации
Поени
Потребно е да ги препознаете купувачите со голем промет. Нашата програма за лојалност нуди механизми како да ги мотивирате купувачите кои купуваат ретко, но при пазарање прават високи сметки. Нив дополнително треба да ги мотивирате, да ве посетуваат почесто
Препораки
Секогаш добар начин, да го проширите вашиот клуб со нови членови. Преку нашиот пакет, препораките стануваат одлична мотивација за постојните членови, а вие добивате многу поволен маркетинг.
Автоматизирани e-mail пораки до членовите на клубот!
Динамична и Директна комуникација со Вашите купувачи: Клубот дава нова димензија во Вашата комуникација со купувачите. Веќе нема да сте пасивни во комуникацијата, чекајќи ги вашите купувачи да ве посетат.
Нашиот тим изгради пакет за програма за лојалност, кој вклучува и автоматизирани маил пораки поврзани со значајни датуми:
1. Маил порака до купувачот, со која му се заблагодаруваме за годишнината во клубот за лојалност и со која го известуваме дека системот е подготвен да му понуди дополнителен попуст во наредните 7 дена
2. Маил порака до купувачот со убави желби за роденденот и со подарок: системот е спремен да му понуди дополнителен попуст на каса во наредните 7 дена.
3. Известување дека во наредните 30 дена, потребно е да ве посети и да направи сметка, за да го задржи сегашното ниво во клубот.
Сите овие известувања, генерираат нови посети на Вашите купувачи и секако нови продажби. Ги мотивирате вашите купувачи и им давате логична причина да ве посетат. Купувањето не е само задоволување на некоја реална потреба, туку често е одлука базирана на емотивни одлуки, па затоа е потребно редовно да им давате причина за посета на вашите купувачи. Вградениот модул – Automated Customer Mailer (ACM), ќе ви даде можност за директна и автоматизирана комуникациа со вашите бројни купувачи.
Ви стоиме на располагање, да Ви организираме презентација на која би се запознале со начинот на функционирање на оваа програма за лојалност. Без никаков трошок за Вашата компанија, побарајте не за да ви организираме презентација на нашите искуства и препораки за програма за лојалност.