Опис на индустријата
Компаниите кои се бават со одржување на згради (стамбен сервис), се судруваат со голема количина на податоци, кои мораат навремено, секој месец да ги обработат за да подготват точни фактури за голем број на станари кои ги користат нивните услуги. Евиденцијата на трошоците кои ги имаат за секоја зграда, потребно е правилно да се поддели на сите станови. Профитабилноста на секој договор за одржување, мора да се следи и правилно менаџира.
Компаниите кои се бават со оддржување на згради се карактеризираат со:
- Огромен број на договори кои треба правилно и навремено да се менаџираат
- Клиенти кои очекуваат максимално квалитетна документација и евиденција (понуди, профактури, договори, фактури, трошоци за одржување …)
- Потреба за следење на проектната профитабилност, наместо следење само на профитабилноста на целата компанија
- Голем број на продажни активности кон значаен број на клиенти
- Менаџирање на тимот (HR активности) претставува голем организациски предизвик
- Потреба од софистицирани финансиски извештаи
- Потреба за буџетирање и следење на остварувањето на буџетот
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може деловните процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании кои се бават со одржување на згради, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.
Деловен систем во компанија која се бави со одржување на згради (стамбен сервис) треба да овозможи:
- Софистицирани алатки за продажба и продажен менаџмент
- Мерливост на искористеното време и потрошен материјал за секоја зграда
- Дистрибуција на трошоците на крајните корисници
- Наплата на услугата
- Широка лепеза на софистицирани извештаи, графикони, табели
- Креирање на годишен план и следење на реализацијата
- Изградба на бонус шема за вработените
- HR алатки за менаџирање на тимот (отворање на работна позиција, интервју, оценување на кандидати, следење на развојот на вработените, наградување, разговори … )
Квалитетен деловен систем во компании кои се бават со одржување на згради, е основа за нивниот успех. Секаква импровизација за продажните активности доведува до губење на зделки. Секоја импровизација во менаџирање со најзначајниот ресурс – вработените, доведува до осипување на тимот. Импровизација или отсуство на деловен план, најчесто води кон финансиски проблеми. Импровизација во процесот на фактурирање, може да доведе до незадоволство кај корисниците на услугите. Затоа, компаниите кои се бават со одржување на згради имаат голема потреба за квалитетен деловен систем, кој ќе ги обедини сите деловни процеси во нивната компанија.
Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена кај компаниите за одржување на згради. Преку овие модули, го автоматизиравме процесите за продажба – креирање на понуди со пресметка и опис на продуктите / услугите. Го автоматизиравме процесот за креирање на фактури, договори, следење на резервниот и тековниот фонд на зградата, но и овозможивме алатки за буџетирање и следење на сите значајни параметри за максимизирање на профитот кај овие компании.