Опис на индустријата
Компаниите за производство на медицински канабис имаат високи стандарди за менаџирање на залихите, производствените процеси и готовиот производ, кои подразбираат прецизно менаџирање на шаржите кои се користат и следење на нивниот рок на употреба. Овие стандарди преточени во најчесто применетите GMP стандарди во работењето, дефинираат список на претпоставки за нормално функционирање на ваквите компании. Најчесто компаниите од фармацијата се карактеризира со:
- Детално менаџирање на состојбите на секое растение за време на сите фази од растот
- Следливост на секое растение и негова поврзаност со семенскиот материјал
- Менаџирање на залихите по шаржа (лот) и следливост на истите во готов производ
- Бројот на операции / фази на производство е голем
- Детална GMP администрација во сите фази на производство
- Законски пропишана документација за известување на состојбата
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може производствените процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании производители на медицински канабис, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.
Администрацијата на производствениот процес треба да овозможи:
- Планирање на ресурсите (машините и вработените)
- Следење на репромателијате по лот број
- Планирање на репроматеријалите
- Следливост на готовиот производ
- Документација и следливост според GMP стандардот
Контролниот процес во фабриките за производсто на медицински канабис, овозможува рана детекција на тесните грла, недостаток од суровините или дефинира потреба за ре-терминирање на работните налози согласно состојбите во производството. Контролата овозможува и анализа / споредба помеѓу планираните и реалните трошкови за производство, а со тоа и пресметка на реалниот трошок за производство. Секако, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување на нормативите, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.
Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите процеси во фабриката. Достапните и навремени информации, во динамичните фабрики за производство на медицински канабис, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.
Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во производствените компании за медицински канабис, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето на производството. Посебно треба да се нагласи потребата од квалитетно магацинско работење во ваквите компании, кои ги задоволуваме со Warehouse Management решение, кое успешно менаџира микролокации, варијанти .. и се користи на PDA уреди, комплетно интегрирано со деловниот систем.