InCom Newsletter 3 : Теренско работење (Field Services)


ТЕМА НА БРОЈОТ

Во претходниот број на Инком newsletters Ви го најавивме нашето ново партнерство со словенечката компанија i-Rose, чекор со кој го проширивме дијапазонот на производи кои ги нудиме со голем број мобилни апликации интегрирани со деловниот систем. Во овој број продолжуваме со подетален опис на одделните модули од областа на мобилното работење.
Додатно на кратко ќе Ви го претставиме светскиот тренд на вградување Вештачка Интелигенција во ЕРП системите како и дел од придобивките кои се остваруваат доколку имате правилно имплементиран производствен процес.
Со Почит,

                                                                                                                                             Тимот на InCom

Теренско работење (Field Services)

Веќе Ви ги претставивме понудените апликации за мобилно работење:

1. Промоција на продажбата (merchandising)
2.  Амбулантна продажба
3. Мобилна продажба / достава
4. Продажен состанок (скрипта за разговор, meeting minutes но и генерирање понуда)
5. Контрола на квалитет
6. Работен / Сервисен налог
7. Читање на броила на корисници
8. Индустриско производство
9. Теренски операции за производство на пијалоци
10. Изнајмување на станови и други објекти
11. Продажба на осигурување
12. Медицински претставници во фармација
13. Менаџирање на основни средства
14. Поштенски услуги
15. Истражувања и собирање на информации

Во овој броеви на Инком Newsletters подетално ќе Ве запознаеме со делот за Промоција на продажбата (merchandising) и Амбулантна продажба.

1. Промоција на продажбата (merchandising)

Промоцијата на продуктите во малопродажба бара квалитетни алатки за следење и менаџирање на овој процес. Апликацијата за промоција на продажбата, собира информации од продажните места дефинира од самата компанија, дава можност да се земе слика од рафтовите, но и да се земат податоци за конкуренцијата. Промоцијата на продажбата неможе да се остави на случаен извор на крајниот купувач, туку е потребно да се потпре врз модерна и достапна технологија.

Оваа апликација значително може да ги намали и трошоците на компанијата за промоција на продажбата. Наместо голем број на искусни агенти за промоција на продажбата, компанијата може да ангажира одреден број на помалку искусни теренски работници, кои ќе бидат координирани од самата компанија, каде ќе биде лоциран координатор на оваа мрежа на агенти за промоција на продажбата. Преку следење на нивниот посети, земените слики од продуктите, податоците за конкуренцијата, координаторот на продажбата ќе може да реагира брзо на барањата на пазарот.

2. Амбулантна продажба

Продажба од асортиманот кој комерцијалистот го има во своето возило, или амбулантна продажба претставува сложен процес во кој комерцијалистот треба да има достап до многу важни информации. Во исто време, комерцијалистот со оваа апликација на брз и едноставен начин ги решава теренските задачи, при што од својот рачен принтер издава испратница / фактура, за робата која купувачот ја избрал.

Препорачуваме апликацијата да се користи на PDA уред, но може да се користи на таблети во одредени компании во кои робата која се продава е соодветна за таков уред. Преку оваа апликација најчесто се печатат:2

– Испратница
– Фактура
– Повратница
– Нарачка Интересна карактеристика на оваа апликација е и можноста за електронски потпис на самиот таблет, директно од комерцијалистот и купувачот за потврда на трансакциите.

ЕФИКАСНО ПРОИЗВОДСТВО

Нашиот тим со текот на годините има насобрано КВАЛИТЕТНИ ЛЕКЦИИ од големото искуство со имплементација на производствен ЕРП систем во мали и големи производствени компании низ Балканот. Нашето профтолиото е исполнето со фирми од текстилната индустрија, потоа лидери во регионот за производство на мебел и душеци, интернационални компании со локални фабрики за изработка на делови за автобуси и автомобили, фирми кои се занимааваат со изработка на метални и челични конструкции како и голем број фабрики од прехранбената индустрија.
Генерално, дневното оперативно функционирање во производствните компании е се само не едноставно. Процесите се комплицирани а мора да бидат извршени ефикасно при тоа следејќи ги протоколите за квалитет и сигурност. Освен тоа постојат најразлични варијабили и аспекти кои менаџментот треба да ги земе во предвид со цел да обезбеди правилна и перфектна изработка.
Дел од придобивките кои нашите клиенти ги добиле после имплементацијата, односно со автоматизацијата на нивните производствени процеси користејќи ЕРП систем се:

– Стандардизација на биланс процесите
– Намалуцање на трошоцитте
– Добивање на конкурентски предности преку точна ценовна пресметка
– Планирање на искористеност на капациетите
– Подобри анализи
– Останати придобивки

Подетален опис за горенаведените придобивки може да прочитате ТУКА.

Вештачка интелигенција – Иднината на ЕРП системите

3Неспорно е дека Вештачката Интелигенција ќе има силен удар во индустријата на деловните системи во блиска иднина. ВИ во овој сектор ќе овозможи компаниите уште повеќе да го оптимизираат својот оперативен модел и тоа врз основа на сопствените бизнис процеси, софтверското решение, владините структури и техничката инфраструктура.
ЕРП систем со ВИ ќе има директно влијание врз сржта на двневните операции. Миксот на лица, процеси и технологија ќе се промени а ВИ ќе ги опфати рутинските задачи кои моментално се извршуваат од вработените. Оваа промена е стимулирана од константниот стремеж за намалување на оперативните трошоци.
Во исто време ВИ ќе може не само да ги замени туку и подобри способностите и вештините на вработените но и ефикасноста на компанијата во целост. Toa ќе биде реализирано со фокусирање на аналитичките и кретивните задачи, наместо досегашниот примарен фокус на оперативните процеси. Сето ова единствено би се реализирало доколку ЕРП и ВИ се интегрирани заедно.