Лојалност програма


Во време кога од сите страни слушаме за клуб картици и програми за лојалност, сигурно и самите се прашувате дали и вам ви е потребна една таква програма за вашите купувачи !? Но, пред да ја поставите Вашата нова програма за лојалност, потребна е анализа и организација. Тимот на ИнКом креираше сопствен пакет за програма за лојалност, кој вклучува:

софтверски модул за менаџирање на програмата за лојалност
процедура за функционирање на програмата
дефиниција на правилата за програмата за лојалност
печатење на клуб картички со највисок квалитет
печатење на клуб картички со највисок квалитет
интеграција со деловен софтвер за малопродажба и материјално работење

Предности со квалитетна програма за лојалност

Лојалност на Купувачите

доколку вашите купувачи имаат интерест да ви се лојални, тогаш тие и ќе ви бидат лојални. Лојалноста неможете да ја постигнете само со давање на попуст, потребно е да им дадете причина да не направат голема пауза помеѓу две купувања. Попустот треба да зависи од волуменот производи кој го набавиле, но и од времето на последно купување

Информирање за Нови Продукти и Акции

програмата за лојалност, е основа за воспоставување на база на корисници но и претпоставка за редовна комуникација. Преку добра програма за лојалност, ќе добиете право да ги известувате вашите купувачи за сите нови продукти и акции кои ги организирате, така што ќе ги имате нивните податоци за контакт, но и ќе имате нивна изјава со која ќе ја прифатат комуникацијата со вас

Заштита од Конкуренцијата

доколку имате квалитетна програма за лојалност, ќе ги заштитите вашите купувачи од конкуренција. Вашите купувачи ќе бидат известени за тоа што го нудите, но и ќе имаат интерест редовно да купуваат кај вас. Тоа е најдобар начин, како да ги задржите корисниците лојални за вашата компанија

Чест е случајот во кој компаниите имаат испечатени картички за попуст. Ваквите картици, без соодветна програма за лојалност претставуваат само непотребен трошок за компанијата, и не даваат никаков бенефит. Ваквите картици не го мотивираат купувачот да доаѓа постојано кај вас и да биде редовен купувач, затоа ваквите картици имаат само негативни импликации:

  • Имате трошок за нивно печатење и дистрибуција
  • Давате попуст без правила, па од попустот немате никаков бенефит, само директен трошок
  • Немате правила за програмата, па луѓето без картица се чувствуваат измамени.

Како да постигнете лојалност од Вашите купувачи?

Нашиот ПАКЕТ ЗА ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ, ви ги нуди сите претпоставки за модерна програма за лојалност. Со него ќе ви овозможиме:

Нивоа на лојалност

Автоматска промена на ниво во програмата за лојалност во 2 насоки. Со купување, вашите купувачи стекнуваат можност да преминат на повисокото ниво, но со големи паузи помеѓу 2 купувања системот автоматски им го намалува нивото. Секако, системот ќе ги извести со автоматска маил порака за намалување на нивото во програмата, па купувачите ќе можат да го задржат нивото во програма, со купување во последен момент

Ваучери за подароци

Понудете им на вашите членови на клубот, да купат подарок Ваучер. Со овој механизам, го мотивирате вашиот член на клубот, но добивате и нов член.

Интегриран Business Intelegence модул

Целата програма за лојалност, нема да ги постигне саканите цели, ако податоците не ги систематизирате и анализирате. Интегрираниот модул за business inteligence, ќе ви даде одговор за време на купување, профил на ваш најчест купувач, географски податоци за вашата програма за лојалност и многу други скриени информации

Поени

Потребно е да ги препознаете купувачите со голем промет. Нашата програма за лојалност нуди механизми како да ги мотивирате купувачите кои купуваат ретко, но при пазарање прават високи сметки. Нив дополнително треба да ги мотивирате, да ве посетуваат почесто

Препораки

Секогаш добар начин, да го проширите вашиот клуб со нови членови. Преку нашиот пакет, препораките стануваат одлична мотивација за постојните членови, а вие добивате многу поволен маркетинг.

Автоматизирани e-mail пораки до членовите на клубот!
Динамична и Директна комуникација со Вашите купувачи: Клубот дава нова димензија во Вашата комуникација со купувачите. Веќе нема да сте пасивни во комуникацијата, чекајќи ги вашите купувачи да ве посетат.

Нашиот тим изгради пакет за програма за лојалност, кој вклучува и автоматизирани маил пораки поврзани со значајни датуми:

1. Маил порака до купувачот, со која му се заблагодаруваме за годишнината во клубот за лојалност и со која го известуваме дека системот е подготвен да му понуди дополнителен попуст во наредните 7 дена
2. Маил порака до купувачот со убави желби за роденденот и со подарок: системот е спремен да му понуди дополнителен попуст на каса во наредните 7 дена.
3. Известување дека во наредните 30 дена, потребно е да ве посети и да направи сметка, за да го задржи сегашното ниво во клубот.

Сите овие известувања, генерираат нови посети на Вашите купувачи и секако нови продажби. Ги мотивирате вашите купувачи и им давате логична причина да ве посетат. Купувањето не е само задоволување на некоја реална потреба, туку често е одлука базирана на емотивни одлуки, па затоа е потребно редовно да им давате причина за посета на вашите купувачи. Вградениот модул – Automated Customer Mailer (ACM), ќе ви даде можност за директна и автоматизирана комуникациа со вашите бројни купувачи.

Ви стоиме на располагање, да Ви организираме презентација на која би се запознале со начинот на функционирање на оваа програма за лојалност. Без никаков трошок за Вашата компанија, побарајте не за да ви организираме презентација на нашите искуства и препораки за програма за лојалност.