PANTHEON RT и RE
Програмските пакети се наменети за малопродажни објекти. Опфаќаат комплетно следење материјално-финансово книговодство со следење на продажба и издавање фискални сметки.
Pantheon RE
ПРОГРАМСКИ ДЕЛОВЕН ПАКЕТ PANTHEON RE Е НАМЕНЕТ ЗА ПОГОЛЕМИ МАЛОПРОДАЖНИ ЕДИНИЦИ
Замислен е како централна точка во малопродажните единици за сите благајни. Тие единици може да добиваат роба и да издаваат сметки на правни и физички лица.
Овозможува следење на нарачки од купувачи, издавање профактури, непосредно нрачување на роба од добавувачи и поврзување на нарачките до добавувачи со влезни сметки.
PANTHEON RT
ПРОГРАМСКИОТ RT Е НАМЕНЕТ ЗА ПРОДАЖНО МЕСТО ВО РАМКИТЕ НА ПОГОЛЕМИ МАЛОПРОДАЖНИ ЕДИНИЦИ
Замислен е како крајна точка на поголемите малопродажни единици (ПОС). Со нив се овозможува опремата на малопродажното место да работи и во целост да издава сметки, прегледи на моментална залиха во малопродажба и следење на купците, LOYALTY програмата.
Разлика помеѓу RT и RE лиценците
RT лиценцата е наменета само за работа со благајна и со самото тоа е прилагодена на послабите единици. RE лиценцата е наменета за малопродажните единици или главно благајните. Покрај функционалностите во благајна има и додатни функции, кои се потребни во малопродажба.
Во секоја дислоцирана малопродажна единица мора да има барем едно работно место кое користи PANTHEON RE. RE лиценцата ја контролира на RT благајната и служи како централно место за размена на податоци помеѓу благајните. Наместо PANTHEON RE како централна точка во малопродажба можеме да користиме лиценци SE, ME, MF, но во тој случај не можеме да ги користиме функционалностите во случај престанок на работата на мрежата.