Stay Connected:

Веледрогерии


Опис на индустријата

Веледрогериите покрај тоа што имаат огромен број на различни арикли на залиха, по правило имаат и високи стандарди за менаџирање на залихите. Овие стандарди преточени во најчесто применетите GMP стандарди во работењето, дефинираат список на претпоставки за нормално функционирање на ваквите компании. Најчесто компаниите од фармацијата се карактеризира со:

  • Менаџирање на залихите
  • Точно определена локација на секој производ
  • Известување за минимална залиха на одредени арикли

Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може деловните процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во веледрогерии, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.

Администрацијата на работењето на веледрогериите треба да овозможи:

  • Ефикасни процедури за подготовка на понуди и менаџирање на продажбата
  • Планирање на ресурсите (возила и вработените)
  • Планирање на залихата
  • Следење на профитабилноста на секоја микролокација
  • Документација и следливост според GMP стандардот
  • Менаџирање на сите микролокации

Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите состојби во магацините. Достапните и навремени информации, во магацините на веледрогериите кои имаат огромен број на артикли, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.

Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во веледрогериите, со кои се зголеми ефикасноста во работењето. Посебно треба да се нагласи потребата од квалитетно магацинско работење во ваквите компании, кои ги задоволуваме со Warehouse Management решение, кое успешно менаџира микролокации, варијанти .. и се користи на PDA уреди, комплетно интегрирано со деловниот систем.

Листа на најчести проблеми

Залихите по микролокации се менаџираат рачно
Големи непотребни трошоци
GMP извештаите и документите се администрираат рачно во паралелна евиденција
Наградувањето на вработените не е базирано врз мерливи параметри’
Залихите, посебно помалите количини, често останува со години на залиха до изминување на нивниот рок за употреба
Вработените не се оптимално искористени
Непознавање на реалните трошоци’

Препорачани решенија на InCom

Теренско работење
Подобрување на наплатата
Продажни акции
Интерно менаџерско известување
Менаџирање на набавките до добавувачите