Опис на индустријата
Вендинг компаниите како и компаниите кои се бават со дистрибуција на пијалоци во ХОРЕКА сегментот, менаџираат голем број на информации кои се од суштинско значење за успехот на нивниот бизнис. Овие компании менаџираат огромен број микро-магацини (вендинг машини, кафемати, хотели, ресторани, кафиќи), и ефикасното менаџирање на залихите во сите овие локации ја диктира профитабилноста во нивното работење. Овие компании имаат сопствени залихи на неколку стотина локации, а со тоа имаат големи залихи на роба за која треба да се одржува оптимална залиха, да се обезбеди навремено фактурирање и собирање на приходите. Компаниите од оваа група се карактеризираат:
- Голем број на микролокации кои ги менаџираат
- Сервисираат и одржуваат голем број на вендинг машини, кафемати
- Рутите на посета до микролокациите се динамички
- Следењето на роковите на употреба и шаржите е значајно
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може деловните процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во вендинг компании како и во компании кои се бават со дистрибуција на пијалоци во ХОРЕКА сегментот, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.
Администрацијата во овие компании треба да овозможи:
- Ефикасни процедури за подготовка на понуди и менаџирање на продажбата
- Планирање на ресурсите (возила и вработените)
- Планирање на залихата
- Оптимизирање на рутите за посета до микрилокациите
- Следење на профитабилноста на секоја микролокација
Контролниот процес во овие компании, овозможува рана детекција на тесните грла, надминување на недостаток од залихи, редовно одржување / сервисирање на апаратите. Контролата овозможува и анализа / споредба помеѓу планираните и реалните трошоци, а со тоа и пресметка на реалниот профит по секоја микролокација. Секако, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.
Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите процеси во компанијата. Достапните и навремени информации, во динамичните компании од овој вид, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.
Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во вендинг компаниите како и во компаниите кои се бават со дистрибуција на пијалоци во ХОРЕКА сегментот, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето на залихите. Посебно треба да се нагласи потребата од мобилно решение за теренска работа кое се користи на Android уреди, комплетно интегрирано со деловниот систем.