Stay Connected:

Инфраструктура


Опис на индустријата

Инфракструктурата најчесто се базира на прецизни работни операции кои ги изведуваат работниците, помогнати од специфични производни процеси. Најчесто компаниите кои се бават со градежништво, односно инфраструктура се карактеризираат со:

  • Значаен број на вработени вклучени во процесот на градежништво
  • Бројот на операции / фази во процесот на инсталација е голем
  • Големи трошоци кои е задолжително да се евидентираат

Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може процесите да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании кои се бават со инфраструктура, и се стекна со одлични искуства и референци.

Администрацијата на компаниите кои се бават со инфраструктура треба да овозможи:

  • Планирање на ресурсите (машините и вработените)
  • Планирање на репроматеријалите
  • Cost Accounting – евиденција на сите директни и индиректни трошоци за еден проект
  • Нормирање на операциите и исплата на бонуси за успешност

Контролата овозможува и анализа / споредба помеѓу планираните и реалните трошкови за проектот, а со тоа и пресметка на реалниот трошок за истиот. Секако, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување на нормативите, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.

Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите процеси во инфраструктурата. Достапните и навремени информации, во динамичната околина, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.

Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во градежните компании кои се бават со инфраструктура, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето.

Листа на најчести проблеми

Не постојат пишани работни налози, со упатства, скици, заштитни мерки, операции
Наградувањето на вработените не е базирано врз мерливи параметри
Машините и вработените не се оптимално искористени
Непознавање на реалните трошоци’

Препорачани решенија на InCom

Наплата на побарувања
Напредни алатки за продажба
Интерно менаџерско известување

Успешни приказни

ФАКОМ Скопје

Број на вработени: 626

Година на имплементација: 2014

Пакети:

Започнете ја Вашата успешна приказна!