Опис на индустријата
Печатниците се карактеризира со повеќе значајни особини:
- Голем број производи во производствени шаржи
- Голем број на активни / паралелни работни налози за печатење
- Значаен број на вработени вклучени во процесот на печатење
- Бројот на операции / фази на производство може да биде значаен
- Голема лепеза на репроматеријал
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може производствените процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во печатници, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.
Администрацијата на печатниците треба да овозможи:
- Ефикасни процедури за подготовка на понуди и менаџирање на продажбата
- Планирање на ресурсите (машините и вработените)
- Планирање на репроматеријалите
- Оптимизирање на работните налози по машини (терминирање на производството)
- Пишани инструкции (работни налози) за вработените со кои се дефинираат ресурсите, алатите, репроматеријалите, операциите за производство, технолошка постапка, заштитни мерки …
- Нормирање на операциите и исплата на бонуси за успешност
- Следење на профитабилноста на секоја зделка
Контролниот процес во печатниците, овозможува рана детекција на тесните грла, недостаток од суровините или дефинира потреба за ре-терминирање на работните налози согласно состојбите во производството. Контролата овозможува и анализа / споредба помеѓу планираните и реалните трошоци за производство, а со тоа и пресметка на реалниот трошок за производство. Секако, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување на нормативите, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.
Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите процеси во фабриката. Достапните и навремени информации, во динамичните печатници, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.
Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во печатниците, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето на производството. Посебно треба да се нагласи потребата од квалитетно магацинско работење во ваквите компании, кои ги задоволуваме со Warehouse Management решение, кое успешно менаџира микролокации .. и се користи на PDA уреди, комплетно интегрирано со деловниот систем.