Опис на индустријата
Компаниите за производство на пластични цевки ангажира по правило голем број на работници, кои изведуваат голем број на различни операции. Менаџирањето на тимовите за производство, нормирањето и исплатата на остварениот норматив, решавањето на тесните грла во производството, како и администратирањето на залихите се големи предизвици за овие компании. Најчесто компаниите за производство на пластични цевки се карактеризира со:
- Менаџирање на залихите по варијанта (шара, боја ) и следливост на истите во готов производ
- Голем број на финални продукти од една шаржа
- Голем број на вработени вклучени во процесот на производство, при што е неопходно да се знае секој вработен кој учествувал во некоја производствена операција
- Бројот на операции / фази на производство е голем
- Наградувањето на вработените според остварениот норматив е стандард во индустријата
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може производствените процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании кои се во производство на пластични цевки, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.
Администрацијата на производствениот процес треба да овозможи:
- Планирање на ресурсите (машините и вработените)
- Следење на репромателијате по варијанта (шара, боја)
- Планирање на репроматеријалите
- Оптимизирање на работните налози по машини и тимови за работа (терминирање на производството)
- Пишани инструкции (работни налози) за вработените со кои се дефинираат ресурсите, алатите, репроматеријалите, операциите за производство, технолошка постапка, заштитни мерки …
- Нормирање на операциите и исплата на бонуси за успешност
- Следливост на готовиот производ
Контролниот процес во фабриките за производство на пластични цевки, овозможува рана детекција на тесните грла, недостаток од суровините или дефинира потреба за ре-терминирање на работните налози согласно состојбите во производството. Контролата овозможува и анализа / споредба помеѓу планираните и реалните трошкови за производство, а со тоа и пресметка на реалниот трошок за производство. Секако, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување на нормативите, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.
Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите процеси во фабриката. Достапните и навремени информации, во динамичните фабрики за производство на пластични цевки, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.
Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во производствените компании за производство на пластични цевки, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето на производството. Посебно треба да се нагласи потребата од квалитетно магацинско работење во ваквите компании, кои ги задоволуваме со Warehouse Management решение, кое успешно менаџира микролокации, варијанти .. и се користи на PDA уреди, комплетно интегрирано со деловниот систем.