Опис на индустријата
Компаниите кои се бават со електроматеријали имаат голем број на информации кои се од суштинско значење за успехот на нивниот бизнис. Овие компании менаџираат огромен различни артикли на повеќе локации и ефикасното менаџирање на истите ја диктира профитабилноста во нивното работење. Овие компании имаат имаат големи залихи на роба за која треба да се одржува оптимална залиха, да се обезбеди навремено фактурирање и собирање на приходите. Компаниите од оваа група се карактеризираат:
- Голем број на производи кои ги менаџираат
- Точно определена локација на секој производ
- Известување за минимална залиха на одредени арикли
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може деловните процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании кои се бават со електроматеријали, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.
Администрацијата во овие компании треба да овозможи:
- Ефикасни процедури за подготовка на понуди и менаџирање на продажбата
- Планирање на ресурсите (возила и вработените)
- Планирање на залихата
- Следење на профитабилноста на секоја микролокација
Контролниот процес овозможува целосен преглед и менаџирање на магацините, различните продажни локации како и детален преглед за состојбата на секој артикл. Со тоа се има преглед на тоа кои ни се најпродавани артикли, а кои артикли можеби веќе предолго ги имаме на залиха непродадени. Покрај ова, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.
Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите процеси во компанијата. Достапните и навремени информации, во динамичните компании од овој вид, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.
Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во компаниите кои се бават со електроматеријали, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето на залихите. Посебно треба да се нагласи потребата од мобилно решение за теренска работа кое се користи на Android уреди, комплетно интегрирано со деловниот систем.