Опис на индустријата
Хемиската индустрија се карактеризира со високи стандарди за менаџирање на залихите, производствените процеси и готовиот производ, кои подразбираат прецизно менаџирање на шаржите кои се користат и следење на нивниот рок на употреба. Овие стандарди преточени во најчесто применетите GMP стандарди во работењето, дефинираат список на претпоставки за нормално функционирање на ваквите компании. Најчесто компаниите од хемиската индустрија се карактеризира со:
- Менаџирање на залихите по шаржа (лот) и следливост на истите во готов производ
- Голем број на финални продукти од една шаржа
- Значаен број на вработени вклучени во процесот на производство, при што е неопходно да се знае секој вработен кој учествувал во некоја производствена операција
- Бројот на операции / фази на производство е голем
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може производствените процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании од хемиската индустрија, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.
Администрацијата на производствениот процес треба да овозможи:
- Планирање на ресурсите (машините и вработените)
- Следење на репромателијате по лот број
- Планирање на репроматеријалите
- Оптимизирање на работните налози по машини (терминирање на производството)
- Пишани инструкции (работни налози) за вработените со кои се дефинираат ресурсите, алатите, репроматеријалите, операциите за производство, технолошка постапка, заштитни мерки …
- Нормирање на операциите и исплата на бонуси за успешност
- Следливост на готовиот производ
- Документација и следливост според GMP стандардот
Контролниот процес во фабриките од хемиската индустрија, овозможува рана детекција на тесните грла, недостаток од суровините или дефинира потреба за ре-терминирање на работните налози согласно состојбите во производството. Контролата овозможува и анализа / споредба помеѓу планираните и реалните трошкови за производство, а со тоа и пресметка на реалниот трошок за производство. Секако, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување на нормативите, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.
Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите процеси во фабриката. Достапните и навремени информации, во динамичните фабрики од хемиската индустрија, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.
Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во производствените компании од хемиската индустрија, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето на производството. Посебно треба да се нагласи потребата од квалитетно магацинско работење во ваквите компании, кои ги задоволуваме со Warehouse Management решение, кое успешно менаџира микролокации, варијанти .. и се користи на PDA уреди, комплетно интегрирано со деловниот систем.