Опис на индустријата
Инсталацијата најчесто се базира на прецизни работни операции кои ги изведуваат работниците, помогнати од специфични производни процеси. Најчесто компаниите кои се бават со инсталација се карактеризираат со:
- Значаен број на вработени вклучени во процесот на градежништво
- Бројот на операции / фази во процесот на инсталација е голем
- Големи трошоци кои е задолжително да се евидентираат
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може процесите да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании кои се бават со инсталација, и се стекна со одлични искуства и референци.
Администрацијата на компаниите кои се бават со инсталација треба да овозможи:
- Планирање на ресурсите (машините и вработените)
- Планирање на репроматеријалите
- Cost Accounting – евиденција на сите директни и индиректни трошоци за еден проект
- Нормирање на операциите и исплата на бонуси за успешност
Контролата овозможува и анализа / споредба помеѓу планираните и реалните трошкови за проектот, а со тоа и пресметка на реалниот трошок за истиот. Секако, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување на нормативите, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.
Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите процеси во инсталацијата. Достапните и навремени информации, во динамичната околина, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.
Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во градежните компании за високи градби, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето.