Stay Connected:

ИТ Компании


Опис на индустријата

Зачудува фактот дека ИТ компаниите многу често импровизираат со сопствените деловни системи. Веројатно поради сопствената експертиза да креираат некакви решенија за сопствените потреби, ИТ компаниите најчесто користат неколку различни системи со кои ги решаваат сопствените потреби. Овие системи не се поврзани, креирајќи мала ефикасност во работењето. Доколку и нивното сметководствено биро, го води сметководството во посебен систем, состојбата станува алармантна.

ИТ компаниите се карактеризираат со:

  • Клиенти кои очекуваат максимално квалитетна електронска документација која доаѓа од ИТ компаниите (понуди, профактури, договори, фактури, каталози …)
  • Потреба за следење на проектната профитабилност, наместо следење само на профитабилноста на целата компанија
  • Голем број на продажни активности кон значаен број на клиенти
  • Менаџирање на тимот (HR активности) претставува голем организациски предизвик
  • Потреба од софистицирани финансиски извештаи
  • Потреба за буџетирање и следење на остварувањето на буџетот

Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може деловните процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во ИТ компании, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.

Деловен систем во ИТ компанија треба да овозможи:

  • Софистицирани алатки за продажба и продажен менаџмент
  • Мерливост на искористеното време за секој клиент
  • Наплата на услугата според обемот на работа
  • Широка лепеза на софистицирани извештаи, графикони, табели
  • Консолидација на податоците на една групација
  • Креирање на годишен план и следење на реализацијата
  • Изградба на бонус шема за вработените
  • HR алатки за менаџирање на тимот (отворање на работна позиција, интервју, оценување на кандидати, следење на развојот на вработените, наградување, разговори … )

Квалитетен деловен систем во ИТ компании, е основа за нивниот успех. Секаква импровизација за продажните активности доведува до губење на зделки. Секоја импровизација во менаџирање со најзначајниот ресурс – вработените, доведува до осипување на тимот. Импровизација или отсуство на деловен план, најчесто води кон финансиски проблеми. Затоа, ИТ компаниите имаат голема потреба за квалитетен деловен систем, кој ќе ги обедини сите деловни процеси во нивната компанија.

Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена кај ИТ компаниите. Преку овие модули, го автоматизиравме процесите за продажба – креирање на понуди со слики, спецификација, опис на продуктите / услугите. Го автоматизиравме процесот за креирање на договори, но и овозможивме алатки за буџетирање и следење на сите значајни параметри за максимизирање на профитот кај овие компании.

Листа на најчести проблеми

Користење на повеќе неинтегрирани апликации
Понудите и другата комерцијална документација се изработуваат без процедура и следливост
Голем број софистицирани извештаи се изработуваат рачно во помошни алатки
Непостоење на годишен бизнис план
Менаџирањето на вработените се врши без никакви помошни алатки

Препорачани решенија на InCom

Продажба и продажен менаџмент
Планирање и следење на буџетот
InCom cloud
Подобрување на наплатата
Интерно менаџерско известување