Опис на индустријата
Компаниите кои се бават со маркети и хипермаркети менаџираат голем број на информации кои се од суштинско значење за успехот на нивниот бизнис. Овие компании менаџираат огромен различни артикли на една или повеќе локации и ефикасното менаџирање на истите ја диктира профитабилноста во нивното работење. Овие компании имаат имаат големи залихи на роба за која треба да се одржува оптимална залиха, да се обезбеди навремено фактурирање и собирање на приходите. Компаниите од оваа група се карактеризираат:
- Голем број на производи кои ги менаџираат
- Точно определена локација на секој производ
- Известување за минимална залиха на одредени арикли
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може деловните процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании кои се бават со маркети и хипермаркети, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.
Администрацијата во овие компании треба да овозможи:
- Ефикасни процедури за подготовка на понуди и менаџирање на продажбата
- Планирање на ресурсите (возила и вработените)
- Планирање на залихата
- Динамична и директна комуникација со Вашите купувачи
- Следење на профитабилноста на секоја микролокација
Контролниот процес овозможува целосен преглед и менаџирање на магацините, различните продажни локации како и детален преглед за состојбата на секој артикл. Со тоа се има преглед на тоа кои ни се најпродавани артикли, а кои артикли можеби веќе предолго ги имаме на залиха непродадени. Покрај ова, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.
Деловниот систем покрај обезбедувањето на квалитетни информации за сите процеси во компанијата може да ви овозможи да постигнете лојалност на вашите купувачи со имплементирање на пакет за лојалност кој ќе ви даде нова димензија во комуникацијата со купувачите. На тој начин ќе водите различни нивоа на лојалност и ќе ги препознавате купувачите со голем профит. Достапните и навремени информации, во динамичните компании од овој вид, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.
Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во компаниите кои се бават со маркети и хипермаркети кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето на залихите. Посебно треба да се нагласи потребата од мобилно решение за теренска работа кое се користи на Android уреди, комплетно интегрирано со деловниот систем.