Опис на индустријата
Металната индустрија најчесто се базира на прецизни работни операции кои ги изведуваат работниците, помогнати од специфични производни машини. Најчесто компаниите за производството на производи од метал се карактеризира со:
- Мал број на финални продукти од една шаржа (понекогаш само 1 продукт)
- Значаен број на вработени вклучени во процесот на производство
- Бројот на операции / фази на производство е голем
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може производствените процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании кои се во металната индустрија, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.
Администрацијата на производствениот процес треба да овозможи:
- Планирање на ресурсите (машините и вработените)
- Планирање на репроматеријалите
- Оптимизирање на работните налози по машини (терминирање на производството)
- Пишани инструкции (работни налози) за вработените со кои се дефинираат ресурсите, алатите, репроматеријалите, операциите за производство, технолошка постапка, заштитни мерки …
- Нормирање на операциите и исплата на бонуси за успешност
Контролниот процес во фабриките од металната индустрија, овозможува рана детекција на тесните грла, недостаток од суровините или дефинира потреба за ре-терминирање на работните налози согласно состојбите во производството. Контролата овозможува и анализа / споредба помеѓу планираните и реалните трошкови за производство, а со тоа и пресметка на реалниот трошок за производство. Секако, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување на нормативите, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.
Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите процеси во фабриката. Достапните и навремени информации, во динамичните фабрики од металната индустрија, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.
Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во производствените компании од металната индустрија, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето на производството. Посебно треба да се нагласи потребата од квалитетно магацинско работење во ваквите компании, кои ги задоволуваме со Warehouse Management решение, кое успешно менаџира микролокации, варијанти .. и се користи на PDA уреди, комплетно интегрирано со деловниот систем.