Опис на индустријата
Податоците кај сметководствените бироа се од суштинско значење. Поради ова потребно е да се обезбеди ефикасното менаџирање на податоците, во интерест на клиентите на сметководственото биро, но и за да максимизира профитабилноста на самите компании. Сметководствените бироа се карактеризира со повеќе значајни особини:
- Имаат голем број на клиенти за кои водат сметководство
- Мали ефикасни тимови на сметководители вклучени во дневните активости
- Голем број операции кои треба да се завршат во определен законски рок
- Автоматизација на процесите е од суштинско значење за ефикасно работење
Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може сметководствените процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во сметководствени бироа, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.
Деловен систем во сметководствени бироа треба да овозможи:
- Следење на законски пропишаните обрасци и процедури
- Електронска размена на податоците со сите расположливи е-сервиси (држава, банки, институции)
- Мерливост на искористеното време за секој клиент
- Наплата на услугата според обемот на работа
- Широка лепеза на софистицирани извештаи, графикони, табели
- Максимална автоматизација на процесите (книжења, даноци, автоматски извештаи)
- Консолидација на податоците на една групација
- Алатки за дополнителни услуги (наплата на побарувања, софистицирани извештаи за корисниците, алатки за планирање и следење на остварувањето на планот)
- Интеграција на дневните операции на клиентите (фактури, производство, магацинско работење, патни налози ..), со оперативните книжења во бироата без препишување
Квалитетен деловен систем во сметководствените бироа, е основа за нивниот успех. Со имплементација на е-сметководство, тимот на ИнКом им овозможува на сметководствените бироа да станат ефикасни. Преку оваа услуга, сметководствените бироа стануваат составен дел од дневните операции на своите клиенти. Сметководствените бироа и нивните клиенти делат база на податоци, со што виртуелно се лоцираат во деловните објекти на своите клиенти. Клиентите се задоволни од ваквата услуга, бидејки ваквото сметководство има оперативно значење за деловните процеси. Сметководство кое ги евидентира процесите со задоцнување од неколку недели или месеци, нема никакво оперативно значење за компаниите.
Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена кај сметководствените бироа. Преку овие модули, го автоматизиравме процесот на известување кон нивните клиенти. Им дадовме алатка за наплата на побарувањата кај нивните клиенти – за да добијат дополнителни приходи од новата услуга, но им овозможивме и следливост на искористеното време за секој корисник за да ја идентифицираат сопствената профитабилност.