Stay Connected:

Текстилна индустрија


Опис на индустријата

Текстилната индустрија ангажира по правило голем број на работници, кои изведуваат голем број на различни операции. Менаџирањето на тимовите за производство, нормирањето и исплатата на остварениот норматив, решавањето на тесните грла во производството, како и администратирањето на залихите се големи предизвици за овие компании. Најчесто компаниите од текстилната индустрија се карактеризира со:

  • Менаџирање на залихите по варијанта (шара, боја ) и следливост на истите во готов производ
  • Голем број на финални продукти од една шаржа
  • Голем број на вработени вклучени во процесот на производство, при што е неопходно да се знае секој вработен кој учествувал во некоја производствена операција
  • Бројот на операции / фази на производство е голем
  • Наградувањето на вработените според остварениот норматив е стандард во индустријата

Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може производствените процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании кои се во текстилната индустрија, и се стекна со одлични искуства и референци во оваа индустрија.

Администрацијата на производствениот процес треба да овозможи:

  • Планирање на ресурсите (машините и вработените)
  • Следење на репромателијате по варијанта (шара, боја)
  • Планирање на репроматеријалите
  • Оптимизирање на работните налози по машини (терминирање на производството)
  • Пишани инструкции (работни налози) за вработените со кои се дефинираат ресурсите, алатите, репроматеријалите, операциите за производство, технолошка постапка, заштитни мерки …
  • Нормирање на операциите и исплата на бонуси за успешност
  • Следливост на готовиот производ

Контролниот процес во фабриките од текстилната индустрија, овозможува рана детекција на тесните грла, недостаток од суровините или дефинира потреба за ре-терминирање на работните налози согласно состојбите во производството. Контролата овозможува и анализа / споредба помеѓу планираните и реалните трошкови за производство, а со тоа и пресметка на реалниот трошок за производство. Секако, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување на нормативите, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.

Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите процеси во фабриката. Достапните и навремени информации, во динамичните фабрики од текстилната индустрија, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.

Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во производствените компании од текстилната индустрија, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето на производството. Посебно треба да се нагласи потребата од квалитетно магацинско работење во ваквите компании, кои ги задоволуваме со Warehouse Management решение, кое успешно менаџира микролокации, варијанти .. и се користи на PDA уреди, комплетно интегрирано со деловниот систем.

Листа на најчести проблеми

Лотовите се менаџираат рачно
Големи непотребни трошоци од репроматеријали кои не се искористуваат
Не постојат пишани работни налози, со упатства, скици, заштитни мерки, операции
Наградувањето на вработените не е базирано врз мерливи параметри’
Залихите, посебно помалите количини, често останува со години на залиха
Машините и вработените не се оптимално искористени
Непознавање на реалната производствена цена’

Препорачани решенија на InCom

Ефикасни производствени процедури
Нормативи и пресметка на варијабилна плата
Подобрување на наплатата
Продажни акции
Интерно менаџерско известување

Успешни приказни

Јосиба Проект

Број на вработени: 40

Година на имплементација: 2013

Пакети:

Започнете ја Вашата успешна приказна!