Stay Connected:

Високи градби


Опис на индустријата

Градежништвото, односно градењето на високи градби најчесто се базира на прецизни работни операции кои ги изведуваат работниците, помогнати од специфични производни процеси. Најчесто градежните компании за високи градби се карактеризираат со:

  • Значаен број на вработени вклучени во процесот на градежништво
  • Бројот на операции / фази во процесот на градење е голем
  • Големи трошоци кои е задолжително да се евидентираат

Тргнувајќи од овие позиции, се доаѓа до потребата за користење на деловен систем, кој може градежните процеси да ги администрира, контролира, но и да информира за сите значајни параметри. Тимот на ИнКом во изминатите години, успешно реализираше повеќе проекти во компании кои се во градежната индустрија, и се стекна со одлични искуства и референци.

Администрацијата на градежните компании треба да овозможи:

  • Планирање на ресурсите (машините и вработените)
  • Планирање на репроматеријалите
  • Cost Accounting – евиденција на сите директни и индиректни трошоци за еден проект
  • Нормирање на операциите и исплата на бонуси за успешност
  • Градежни книги

Контролата овозможува и анализа / споредба помеѓу планираните и реалните трошкови за проектот, а со тоа и пресметка на реалниот трошок за истиот. Секако, контролниот процес овозможува и следење на вработените и нивното остварување на нормативите, па со тоа и нивно наградување согласно резултатите.

Деловните системи мора да обезбедат и квалитетни информации за сите процеси во изградбата. Достапните и навремени информации, во динамичната околина, се од суштинско значење за задоволување на очекувањата на клиентите, вработените и менаџментот.

Тимот на ИнКом изработи сопствени модули кои најдоа примена во градежните компании за високи градби, со кои се зголеми ефикасноста во работењето и администрирањето.

Листа на најчести проблеми

Не постојат пишани работни налози, со упатства, скици, заштитни мерки, операции
Наградувањето на вработените не е базирано врз мерливи параметри
Машините и вработените не се оптимално искористени
Непознавање на реалните трошоци’

Препорачани решенија на InCom

Евиденција за продажба на станови
Наплата на побарувања
Напредни алатки за продажба
Градежни ситуации и книги
Интерно менаџерско известување

Успешни приказни

ФАКОМ Скопје

Број на вработени: 626

Година на имплементација: 2014

Пакети:

Започнете ја Вашата успешна приказна!