Сашо Јовановски – нов InCom партнер


Сашо Јовановски се придружува на InCom како Managing Partner

InCom (http://incom.mk) го објавува придружувањето на г.Сашо Јовановски како партнер на компанијата. Со повеќе од 21 година искуство во ИТ индустријата и со широки бизнис познавања ќе и донесе на InCom нова вредност на пазарот. Во претходниот период г.Јовановски беше Генерален Директор во Македонската ИТ компанија iVote. Голем дел од својата кариера има поминато во Словенечката компанија Даталаб,и тоа 5 години на позицијата Managing Director на локалната фирма во Македонија и 2 години на позицијата Vice President за развој на бизнисот во SEE регионот.

“Партнерството со г.Јовановски ќе овозможи поширока палета на услуги и производи кои компанијата ги нуди на пазарот на деловен софтвер. Неговата експертиза во развој на бизнисот, ќе донесе нови вредности за крајните корисници. Оваа партнерство е и почеток за понатамошно ширење на InCom, со нови консултанти, нови продукти и услуги, како и на проширување на нови пазари. Оваа партнерство се поклопува со четвртиот роденден на InCom. Сигурен сум дека многу Македонски компании, со кои г.Јовановски има соработувано во претходните години ќе се радуваат на оваа партнерство и на новите можности кои се очекуваат. Со ова партнерство се зголемува експертизата за деловен софтвер, но и се отвораат нови можности. InCom започнува да функционира со 2 локации во Македонија – Струмица (седиште) и Скопје. Му посакувам многу успех на г.Јовановски во овој нов предизвик кој стои пред двајцата“ – кажа г. Ѓорѓи Николов, Managing Partner.

Г.Јовановски има инженерска диплома од ИТ технологии, како и MBA диплома од познатата COTRUGLI Business School. Тој е активен член на Macedonian Entrepreneur Mentor Programme, подржана од USAID и организирана од CEED Macedonia. Преку оваа пограма тој дава значаен социјален придонес за развој на Македонската бизнис заедница.

“Голема чест и одговорност е да се влезе во партнерсто со долгогодишен пријател, но и со голем професионалец во светот на деловен софтвер, каков што е г. Николов. Без двоумење ја прифатив понудата за партнерство и заедничко делување на пазарот, бидејќи предлогот се совпаѓа со моето разбирање на бизнисот – синергија на експертиза, искуство, посветеност секогаш ќе донесе повеќе вредност и успех, отколку поединечно делување на пазарот. Ова искуство ќе биде нешто ново за мене – прв пат како партнер, со голема одговорност кон корисниците и партнерите на InCom. Верувам дека со оваа партнерство, како и со планираното ширење на тимот со нови консултанти, ќе ја постигнеме визијата која ја поставивме пред нас: да станеме доверлив ИТ партнер на корисниците. Ќе им понудиме на корисниците во Македонија и регионот широка лепеза на продукти и услуги од локални, регионални и светски ИТ компании, но надополнети со одлична услуга. Силно веруваме дека имплементацијата и поддршката во користење на ИТ продукти е примарен проблем во информатиката денес. Постои суфицит на софтверски решенија, но голем дефицит за квалитетна поддршка на корисниците. Таа празнина на пазарот во Македонија и регионот, ќе ја пополниме преку избор на квалитетни софтверски решенија, надополнети со извонредна услуга.“ – кажа г.Јовановски, новиот Managing Partner.