Е-Финансии – ваша менаџерска алатка


Е-Финансии, менаџерска алатка за не-финансиери !

Поимот Е-Финансии се однесува на финансиски активности извршени електронски, на пример преку интернет. Но истиот поим има и друго суштинско значење кое може да биде многу значајно за менаџерите. Е-Финансии е термин со кој се дефинира пристапот до финансови параметри на фирмата, а поголема пристапност значи подобро интерно известување и подобро менаџирање на фирмата.

 

Picture2

Каква е генералната состојба во Македонија и пошироко во регионот по оваа прашање ? Најчесто менаџерите во регионов, добиваат финансова анализа за годината пред крајот на месец Февруари наредната година. Врз основа на таква финансова анализа, ги одредуваат наредните чекори, во годината која веќе одминала 15%.Најсоодветна споредба на ова е пловење со едреник и карта. Состојбата на менаџерите во регионот, може да се спореди со проверка на компасот еднаш годишно, и врз основ на таа проверка, капетанот погледнува на картата и управува со бродот без никаква контрола уште една година. Добриот морнар, како и добриот менаџер во ваква ситуација, знае какви се опасности се кријат, па затоа изнајдува различни споредни патишта како да избегне бродолом. Тие споредни проверки ја спасуваат фирмата. Најчесто менаџерите користат едноставни методи како:

– споредба на кешот на сметка – лани ова време и денес
– споредба на отворени побарувања и обврски
– вредност на основни средства пред 1 година и денес
– залиха на готови производи денес
– продажба лани и оваа година

Но, сите овие методи не ја даваат точната локација на вашиот брод. Овие методи само ќе ви кажат дали пловите во плитка вода, дали сте опкружени со карпи и какви опасности имате денес. Овие информации нема да ви помогнат да пловите безбедно и да ги избегнете проблематичните води – а секој искусен морнар не решава проблеми, туку навреме ги избегнува.

Но, се поставува и прашањето – како еден менаџер, кој не е економист по едукација да користи финансови параметри во своето работење. Дали секој менаџер треба да биде експерт за финансии ? Секако дека познавањето на финансиите ќе помогне, и менаџерите треба да имаат основен тренинг за финансии, но Е-Финансии како технологија е мостот преку кој менаџерите денес доаѓаат до информациите кои им се потребни, без да станат финансиски експерти.

Како Е-Финансии може да му помогне на еден менаџер денес ? По што се разликува Е-Финансии од Финансиите на една компанија ? Одговорот е ДОСТАПНОСТ И ПРЕЗЕНТАЦИЈА ! Со други зборови, Е-Финансии им даваат отворен пристап на менаџерите до финансиски податоци на фирмата. Податоците се достапни во моментите кога се носат одлуки, и менаџерите можат едноставно да ги следат финансиските ефекти на сопствените одлуки. Податоците кои менаџерите ги добиваат преку Е-Финансии се презентирани на начин на кој секој менаџер може да ги разбере. Наместо неразбирливи долги извештаи, комплетно збунувачки за менаџерите, Е-Финансии нудат едноставни прегледи, кратки табели, графикони – преку кои менаџерите ги добиваат податоците кои им се потребни.

Е-Финансии на менаџерите им носи широка лепеза на информации, како што се:

– Споредба на планираниот буџет на фирмата со кумулативната реализација од почетокот на годината
– Сосотојба на данокот во тековниот период – како показател за даночната обврска која ќе настане на крајот од периодот (на пример на крајот на месецот)
– Предвидување за покриеност на продажбата со залиха во магацинот заради навремено нарачување нови количи (ниту прерано, ниту предоцна)
– Индекс на профитабилност во работењето
– Индекс на побарувања – графикон со просечен број на денови за наплата
– Распределба на средствата кои ги побарува компанијата во неколку групи и нивен приказ во различни бои
– Моментален увид во сите сметки на фирмата без за тоа постојано да прашуваат во сметководство
– Графикон на продажбата по месеци и по сектори во компанијата
– Преглед на профитабилноста на проектите
– Преглед на профитабилност на секторите во фирмата

Кога ваквите информации ќе станат достапни и квалитетно презентирани, значително се зголемува трансперентноста во работењето на фирмата. Наместо предрасуди, одлуки „како ми кажува стомакот“, избегнувањето на секаков ризик во работењето – ќе бидат замените со аналитичност и факти. Фирмата бенефитите ги чувствува многу брзо, зајакнува, станува похрабра во бизнисот и почнува да е поиновативна на пазарот. Воведувањето на Е-Финансии може за половина година, значително да ја смени фирмата.

Picture1

„Искуствата од воведување на Е-Финансии во Македонија и регионот се многу интересни. Интересни се коментарите на менаџерите, кои се многу благодарни после воведување на Е-Финансии во нивната компанија. Најчесто велат дека за прв-пат точно ја знаат состојбата на нивната фирма секој ден во годината. Растот на фирмите кои воведоа Е-Финансии е извонреден, а резултатите се тие кои само ја потврдуваат потребата од оваа менаџерска алатка. Сакам посебно да нагласам, дека Е-Финансии не е алатка само за првиот во фирмата. Е-Финансии е алатка која има примена за секој менаџер во фирмата, секако со правилна конфигурација, секој менаџер може да го добива само својот сет на податоци – кој му е потребен во секојдновното работење“ – Ѓорѓи Николов, еден од најискусните консултанти во Македонија, со 25 годишно искуство во имплементација на модерни менаџерски алатки.

Кој е патот за воведување на Е-Финансии во една компанија ? Што треба да направи една фирма, за да воведе ваква менаџерска алатка ? Првиот чекор е секако ОДЛУКА дека ова е потребно за фирмата. Нареден чекор е имплементација на квалитетен СОФТВЕР ЗА ФИНАНСИИ во фирмата кој во себе содржи алатки за не-финансиери. Третиот чекор е креирање на КОНТРОЛНИ ТАБЛИ за секој менаџер во компанијата. Четвртиот чекор е овозможување на ДОСТАПНОСТ до информациите за менаџерите во фирмата. Искуствата на ИнКом се дека целиот овој процес, од одлуката за воведување на Е-Финансии, па се до првите бенефити во една организација трае околу 3 месеци. Тоа е период после кој фирмата почнува видливо да се менува и подобрува.

Тимот на ИнКом има искуство во воведување на Е-Финансии во значителен број на фирми во Македонија, Косово и Албанија. Резултатите се одлична причина и покана за сите фирми да се приклучат. Инвестицијата значително ги намалува ризиците во бизнисот, посебно во бурно време.

Тимот на ИнКом, 15/11/2015