4-ти роденден на InCom со 100-ти корисници


Денес го славиме четвртиот роденден. Четири години исполнети со интезивен ангажман, многу проекти и задоволни корисници.

Бескрајно сме им благодарни на нашите корисници, кои со своите совети, укажувања, прашања .. направија да бидеме подобри, со повеќе знаење и искуство. Нивното знаење во овие четири години е нашата инвестиција во иднината. Многу нови корисници ќе профитираат од тоа искуство и знаење, стекнато од нашите денешни корисници.
rodenden-4_03

Компанијата во овие четири години се развиваше во тесно партнерство со Даталаб. Тоа партнерство базирано на пријателство, разбирање и заеднички цели многу придонесе за брзиот развој на InCom. Во изминатите години, InCom многу инвестираше во оваа партнерство како и во целата Даталаб заедница во Македонија, несебично споделувајќи го своето знаење, искуство и референци со сите останати партнери во Македонија. InCom својата експертиза ја подобруваше и со постојано учество на тренинзите организирани од Даталаб во Македонија и регионот, но во исто време и InCom го споделуваше своето знаење на другите партнери, помагајќи им во имплементација или преку тренинзи организирани за Даталаб заедницата.

Токму денес, ги комплетиравме документите за 100-от корисник на InCom. Одлична бројка токму за нашиот роденден ! Новиот корисник се одлучи за cloud опција за лиценците, и можеби симболично го означува зголемениот тренд на корисници на cloud. Остануваме посветени на потребите на корисниците. Во наредниот период ќе се обидеме да ги изненадиме нашите корисници со новитети.

Продолжуваме да сме Вашиот доверлив IT партнер.