ТЕМА НА БРОЈОТ
Она за што на големо се дискутира последниве неколку месеци е лансирањето на новата верзија Пантеон Х. Новата генерација веќе стабилно се позиционира на пазарот па затоа одлучивме во овој број на Инком Newsletter накратко да сумираме некои новитети и подобрувања во истата. На прашањето дали препорачуваме надоградба на Пантеон Х нашиот став е ДА и истиот ќе пробаме да го образложиме подоле во ова издание на Инком Newsletter.
И во овој број продолжуваме со подетално запознавање со мобилните апликации кои сега Ви ги овозможуваме и кои функционираат заедно или одделно од деловниот систем а и на кратко ќе продискутираме за Cloud ERP и придобивките од истиот. На почетокот на оваа година го лансиравме Incom Cloud на кој веќе успешно функционираат голем дел од нашите клиенти.
Со Почит,
Тимот на ИнКом
Новости во Пантеон X
Освен новиот одличен дизајн и значително подобрената брзина во работењето Пантеон Х располага и со голем број новитети и подобрувања кои се инкорпорирани со цел да се олеснат секојдневните процеси во претпријатијата. Во овој број на Инком Newsletter ќе издвоиме само дел од новитетите кои сметаме дека Ви се корисни.
– Креиран е нов ДДВ 04 образец и при тоа сега е овозможено автоматски извоз во xml формат
– Овозможен xml извоз и на законските образците ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД-ГИ/ОЦО
– Овозможен импорт на изводи од Охридска Банка
– Овозможена корекција и на рекапитулацијата во излезни документи,со што се овозможува менување на вредности и заокружувања
– Конечно е реализирано барањето за Цврсти Резервации на Сериски Броеви.
– Креиран нов ЕТ образец во кој се прикажува број на фискален извештај
– Додаден нов Табеларен преглед во формата на Складишен Картон и Моментална залиха
– Додадена информација за залиха во документи за прием
– Креирани два нови извештаи за залиха по: Оддели и Носители на Трошок и два нови сумарни извештаи во делот меѓумагацински пренос
– Додадена опција за автоматско креирање приемни документи преку модулот Периодично фактурирање
– Креиран е нов образец ТРУД 1
– Подобрување и нов изглед на модул Наплата
– Подобрувања во делот Основни Средства и поврзување со излезни фактури, односно поставување на автоматизација во отпишувањето на ОС
– Голем број промени и редизајн на модулот за бизнис интелигенција ЗЕУС. Потавена опција за хиерархиско, побрзо и поинтуитивно, филтрирање на мулти-ниво. Додадени се нови варијабили за цени при што сега може да се анализираат просечни цени со повеќе параметри и на различни нивоа. Нови контролни табли со дополнителни параметри и опција за едноставен избор на формат на броеви. Воведена е и опција за замрзнување на колони во панелот Планирање и Анализи со цел полесно да навигирате лево/десно.
Доколку имате потреба од подетален опис или обука за горенаведените новитети слободно контактирајте не, нашиот тим Ви стои на распорагање.
Теренско работење (Field Services)
1. Контрола на квалитет
Компаниите користат различни записници со кои ги констатираат состојбите при контрола на процесите во компанијата. Контролата на квалитетот во производствени компании, контрола на процесите во кујна, производство на храна или било каков производствен процес е редовна задача и потреба. Оваа апликација е решение за ваквите операции.
Тимот кој ја извршува контролата на квалитет, ќе ги има пред себе сите потребни информации потребни во самиот процес на контрола, ќе може да зема слики од состојбите, да ги анализира и споредува старите и новите состојби и на таков начин значително да ги подобри ефектите од сопствениот ангажман.
2. Работен / Сервисен налог
Голем број на услужни компании, извршуваат сервисни операции на терен. Апликацијата за работен / сервисен налог, дава можност за евиденција на:
– Искористен потрошен материјал
– Употребени материјали
– Време потребно за изведување на активностите

Преку оваа апликација, на терен може да се издаде Работен / Сервисен налог и истиот веднаш да се прифати од купувачот. Дополнително, самата компанија ќе има подобар увид во активностите на своите сервисери, со точен увид во времето кое е искористено на терен, како и нивно движење.
Економски придобивки од Cloud ERP
Cloud платфората веќе е добро познат модел и на македонскиот пазар главно поради тоа што се покажа како практика со незаменлива финансиска вредност. Неспорно е дека cloud-от се покажа како одличен начин со кој компании без разлика на големината ги намалија своите фиксни трошоци и тоа значително. Значителни финансиски заштеди се остваруваат преку следниве начини:
Помалку капитални инвестиции
Преку традиционалниот начин, локално инсталиран деловен систем, се соочувате со големи капитални инвестици во софтвер, хардер и потребна инфраструктура. Cloud ERP од друга страна е управуван и одржуван од страна на провајдери, кои веќе раполагаат со потребна инфрастуктура и се експерти во менаџирање на истата. На овој начин компаниите само плаќаат за услугата која ја користат и изнајмуваат само толку простор колку што им треба.
Побрз раст
Еднаш штом се постави, на компаниите единствено им треба интернет врска за да додадат нови клиенти и локации. Бидејќи се работи за само единицаа од ЕРП софтвер насекаде низ компанијата, клиентите сами може да додаваат нови локации и тоа мошне едноставно, нема потреба од нови инсталации и додатни инвестиции.
Инфраструктурни заштеди
Како што веќе напоменавме, cloud ERP нуди можност за огромни инфрастуктурни заштеди. Од север и хардвер, потоа трошоци за одржување и надоградба, замена и сл. може да бидат масивни ставки во ИТ буџетот. Сега овие средства се достапни во компанијата за да се пренаменат за иновации и додатни инвестирања.
Брз ROI
Cloud ERP мошне брзо се поставува и имплементира за разлика од стандарниот локален пристап. Без големите капитални трошоци за инсталација, компаниите сега бенефицираат од ЕРП мошне побрзо и за краток период остваруваат поврат на инвестицијата.
Подобри опортунитетни трошоци
Вашиод деловен систем ја губи својата вредност доколку периодично не се надоградува. За жал повеќето компании не го надоградуваат на новите верзии со што не ги добиваат новите функционалности, законски измени, решени баг-ови итн. Cloud ERP тековно се ажурира при што се остварува максимално искористување на придобивките веднаш после нивното лансирање.Со имање на најнова верзија, без никакви трошоци во сервер, хардвер и сл. фирите може целосно да се фокусираат на нивните процеси и да ги оптимизираат истите.
Доколку сакате да ги намалите вашите капитални трошоци а да добиете многу придобивки како што се: пристап од различни локации, секојдневен backup, тековна надоградба на најнова верзија може да не контактирате па лично да Ве известиме за пакетите на Incom Cloud услуги кои ги нудиме.
Контакт информации:
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/
