ТЕМА НА БРОЈОТ
Во овој број го најавуваме новиот почеток на Incom Newsletters. Преку нив ќе ве запознаваме со новостите во светот на деловниот софтвер. Се надеваме дека ќе успееме да ви донесеме интересни информации од светот на бизнисот, деловниот софтвер, подобрување на деловните процедури…
Уживајте.
Тимот на ИнКом
БУДЕЊЕ ОД ЗИМСКИОТ СОН
Тимот на ИнКом имаше исклучително интезивен и плоден период во текот на зимските месеци. Успешно се справивме со поголеми проекти и многу интересни имплементации. Горди сме на постигнатото, но и тажни што не успеавме да најдеме ресурси за да продолжиме да ви испраќаме newsletters со новитети од светот на технологијата и бизнисот.
Нашиот тим, од месец Април 2017 ќе продолжи да ве известува за новитетите во светот на бизнисот, деловниот софтвер и бизнис процедури. Ќе се обидеме да го задржиме вашето внимание така што ќе ви пренесеме интересни информации од различни извори на информации. Но, ќе се обидеме со вас и да споделиме интересни case studies за успешни приказни од Македонија.
Во наредните месеци, ќе ве известиме за сите новитети поврзани со:
1. Pantheon ERP деловниот софтвер, кој со новата верзија 10, претставува одлично освежување во светот на деловниот софтвер
2. InCom field service мобилната апликација. Ќе се обидеме да ви ги претставиме сите корисни примени на оваа апликација.
3. Clock PMS хотелскиот систем, кој веќе се користи во повеќе од 50 држави во светот.
Се надеваме дека ќе имаме интересни информации кои ќе бидат од корист за вашата компанија.
НОВИ КАНЦЕЛАРИИ НА INCOM
Од 05.04.2017 нашата компанија започна со своите активности од новата канцеларија во Скопје. Истата се наоѓа на ул. Теодосиј Гологанов број 98, 1 / 3 / 32 во Скопје.
Новите простории и одличната работна атмосфера ќе придонесат и за подобри услуги кон нашите корисници. Во рамките на новиот деловен простор имаме и училница во која ќе понудиме тренинг и советувања за нашите корисници.
Ве очекуваме!
