InCom Тренинг Центар :: Поблиску до технологијата


ВОВЕД

По повод отворањето на новиот ТРЕНИНГ ЦЕНТАР на ИнКом, во текот на месец Мај 2017, ќе се одржат 2 сесии на семинари со 80% попуст од редовната цена.

Темата на овие семинари ќе биде ПОДОБРУВАЊЕ НА НАПЛАТА.

Термините за овие 2 семинари, по специјална цена се:

1. 19.05.2017 од 09:00 – 12:00

2. 26.05.2017 од 09:00 – 12:00

 

 

Тимот на InCom

 

InCom Тренинг Центар – Обука за подобрување на наплата на побарувањата 

Дали имате проблем да си ги наплатите вашите побарувања? Дали за наплата чекате и повеќе месеци од датумот на доспевање на обврската ?

Еден од најголемите проблеми на Македонските фирми е неизвесноста поврзана со наплата на побарувањата. Дури и немањето на средства не е толкав проблем, колку постојаниот стрес поврзан со прашањето кое си го поставуваме – кога ќе си ги наплатам побарувањата.

Тимот на ИнКом повеќе години работи на развивање на процедури кои може една компанија да ги употреби од моментот на доспевање на обврска, до моментот на покренување на тужба кон неплаќачот. Оваа лепеза на процедури, бара соодветна техничка алатка, добра евиденција, технологија – но и најбитното: интерна процедура за наплата, како замена за импровизација. Нашето искуство покажа дека многу Македонски фирми можат значително да го намалат просечниот број на денови доцнење на наплатата со примена на различни техники на наплата.

Преку оваа обука, ќе научите повеќе техники за подобрување на наплатата:

1. Автоматизирано потсетувања и опомени за доспеан долг преку e-mail

2. Механизам за креирање на ИОС (Извод на отворени ставки) еднаш квартално

3. Софтверски модул за евиденција на наплата

4. Испраќање на СМС пораки со подсетување

5. Испраќање на опомени пред тужба

6. Продажба на рати

7. Вклучување на неопходните клаузули во самата фактура

8. Лимитирање на отвореноста кон клиентите

Ве очекуваме на обуката, каде подетално ќе зборуваме за овие но и за други техники за подобрување на наплатата.

ПРИЈАВИ ЗА ОБУКИТЕ

Во текот на месец Мај, ќе се одржат 2 тренинг сесии за наплата на побарувањата. Поради отворање на новиот тренинг центар на ИнКом, овие семинари ќе бидат со попуст од 80% од редовната цена.

Можете да се пријавите за еден од следните термини:

1. 19.05.2017 од 09:00 – 12:00

2. 26.05.2017 од 09:00 – 12:00

Напомена: Пријавите за двата термини се отворени до пополнување на максималниот број на места во тренинг центарот.

ЦЕНА ЗА ОБУКАТА изнесува 3.999 денари. Со промотивниот попуст за отворање на тренинг центарот, цената на обуката за подобрување на наплатата ќе изнесува само 799 денари

Локација: тренинг центарот на ИнКом е на улица. Митрополит Теодосиј Гологанов, 98-3-32, СКОПЈЕ

Пријава за семинарите на:
info@incom.mk
+389 2 616 6229
+389 70 267 607

Контакт информации:
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/