ТЕМА НА БРОЈОТ
Во овој број ќе обработиме неколку интересни теми за деловен софтвер и за организација на деловните активности во компаниите. Темите се:
– Pantheon вертикални решенија :: Оптимизација на залихата и намалување на некурентната залиха
– Организирање на промените :: Како да се подготвите за имплементација на нов деловен систем
– КАСПЕРСКИ АНТИВИРУС :: Промотивна АКЦИЈА на еден од најдобрите антивирус програми на светот
Се надеваме дека ќе го привлечеме вашето внимание со овие текстови.
Уживајте.
Тимот на ИнКом
Pantheon вертикални решенија :: Оптимизација на залихата и на некурентната залиха

Во наредните неколку изданија на Incom Newsletter подетално ќе ви раскажеме за дел од нашите сопствени решенија кои сме ги развиле со цел повеќе да се приближи Pantheon деловниот софтвер до деловните процеси на нашите клиенти и значитено да ги оптимизира истите.
Водејќи се по правилото дека ЦЕЛТА НА БИЗНИСОТ Е ДА КРЕИРА И ЗАДРЖУВА КОРИСНИЦИ, тимот на Инком ЕРП секојдневно работи на развивање и имплементирање нови функционалности и бизнис модели кои значително би ги олесниле и подобриле деловните процеси на нашите клиенти. Во ова издание на кратко ќе ви прикажеме дел од нашите креативни решенија кои веќе се во употреба и за кои имаме доста позитивни коментари:
Старосна структура на лагер: Многу добро ни се познати придобивките кои ги добиваме од структурата на отворени ставки. Токму така дојдовме до идеја да развиеме сличен модел, но овој пат за следење на состојбата на лагерот. Дали имате информација колкав износ на пари ви е заробен како некурентен лагер, какви акции да воведете со цел да се исчисти истиот и максимално да ги намалите трошоците за управување со него; како побрзо да достигнете Just-in-time менаџирање на залиха. Модулот кој го развивме, овозможува поглед на залихата со кој ќе дознаете за секој артикал, кој дел од залихата колку долго стои во магацинот. На ваков начин ќе можете навремено да превземете акција за чистење на залихата.

Ажурирање на Минимална/Оптимална залиха по магацини: Со цел да се избегне монотониот и бавен процес на поединечно пополнување на овие податоци по артикли креиравме модул во кој на брз начин се добива табеларен приказ на артикли според неколку различни критериуми. Освен што артиклите може да се филтрираат, оваа табела ја направивме и информативна за поточно утврдување на потребните минимална, оптимална и максимална залиха. Тоа го постигнавме, со тоа што пред колоните за внос на потребни количини, ги прикажуваме продадените количини во претходните дванаесет месеци како и информација за моментална залиха по магацинот. За полесно тумачење на бројките, со сина боја ги прикажуваме продажбите во месеците во тековната година, а со црвена продажбите од претходната година. На ваков начин, вносот на нивоата на залиха е лесно, брзо и прецизно базирано на историјата на продажба во претходните 12 месеци.

Имплементацијата на нов ДЕЛОВЕН СОФТВЕР предизвикуваат сериозни Организациски промени – без разлика колку е голема Вашата компанија
Секој ЕРП проект (деловен систем), без разлика на големината на компанијата, предизвикува организациски промени во компанијата. Промени кои ќе предизвикаат нов ток на документите, нов поглед на водењето на бизнисот, нови контролни механизми за подобро следење и контрола. Ако се е добро во Вашата компанија и ако не се судрувате со организациски проблеми, вие и нема да ангажирате ЕРП консултант, нели ?
Главната цел зад изборот и имплементацијата на новиот деловен систем е да се подобри организацијата и нејзините процеси. Имплементацијата на новиот деловен систем, значи дека луѓето ќе треба да се прилагодат на новиот начин на вршење на работите – но ајде да бидеме реални, луѓето тоа не го сакаат. Иако повеќето компании велат дека не е така, сепак важните луѓе во компанијата најтешко го напуштаат стариот начин на работа и преминуваат на новиот.
Многу компании се чини дека се ентузијасти во почетната фаза на ЕРП проектот за реализација на неопходните промени, но со различни оправдувања иницијативата исчезнува, кога организацијата ќе се судри со реалните промени. Најчесто вината комплетно се префрла на проектниот менаџер во самата компанија, задолжен за спроведување на проектот – но и самите проектни менаџери немаат доволно искуство со вакви проекти и немаат доволно време за да го посветат на проектот.
Сеопфатната стратегија за управување со промени мора да биде составен дел од процесот на имплементација на нов деловен систем. Неспорен е фактот дека оние проекти кои вклучуваат солидна стратегија за управување со промените имаат поголема веројатност за успех. Секоја компанија треба однапред да направи план на работа со цел да го надмине отпорот. Ако процесот на организациски промени, кои се составен дел од имплементацијата на деловен софтвер, не се изведе со потребниот број на обуки, тогаш може да дојде до неуспех на проектот.
Немојте да чекате премногу или додека сите ваши ресурси се истрошат и исцрпат. Искористете го вашиот ЕРП консултант и бидете сигурни дека ‘рбетот на вашата компанија е всушност вашиот тим. Никогаш не треба да се фокусирате на датумот за Go-Live на новата организација, туку фокусот треба да ви биде на квалитетна подготовка, обука и тест период.
Освен ако ваша организација има цврст план за обука и јасна поставена организациска стратегија за управување со промени, новиот ЕРП систем ќе биде само скапа инвестиција. Затоа е потребно да се вклучите во проектот заедно со вашиот ЕРП консултант. Втората опција е вие да се поставите како ЕРП консултат и вие да го водите целиот процес, но мислам дека втората опција и не е вистинската и не е нешто што вие би сакале да го правите.
Работете посветено на проектот за имплементација на нов деловен систем, заедно со Вашиот ЕРП консултант. Тоа е најдобриот начин како проектот ќе биде успешен, и како Вашата компанија ќе има најголем бенефит од инвестицијата во нов деловен систем.

АКЦИЈА :: Kaspersky small office security
Kaspersky small office security е производ специјално дизајниран за бизниси со 5 до 50 корисници, кои треба да ги заштитат своите сервери, работни станици и мобилни уреди. Kaspersky small office security води грижа за заштита на Вашата мрежа додека вие се грижите за вашиот бизнис.
Акцијата 3 години Касперски заштита за платени 2, трае до 30.06.2017. Ова е одлична прилика да го заштитите вашиот бизнис, податоците и одржливоста на вашите деловни операции.
Испратете ни го бројот на уреди (сервери, компјутери, мобилни телефони), за да ви доставиме конкретна понуда за Вашата компанија.
Контакт информации:
info@incom.mk
070-267-607
www.incom.mk
https://www.facebook.com/incomerp/
