ИнКом превзеде одговорност во услови на вонредна состојба.
Нашиот тим Ви е на располагање за консултантски услуги од комфорот на сопствените домови.
Споделуваме совети и знаења, да го искористиме корисно времето во самоизолација. #ОстаниДома
Проблемот со наплата е еден од најголемите проблеми на компаниите во Македонија. Со просечно 125 дена задоцето плаќање, кое во помалите компании доаѓа и до 180 дена задоцнето плаќање, проблемот на наплата станува прашање на преживување.
Првиот чекор во справување со лошата наплата на побарувања е да дефинирате сопствени правила на игра. Правилата на игра, кои ќе ви помогнат да ја подобрите наплатата на побарувањата, најчесто се однесуваат на:
1. Дозволено пречекорување во износ – ЛИМИТ НА ОТВОРЕН ДОЛГ
2. Дозволено временско пречекорување – ДОЗВОЛЕНО ВРЕМЕНСКО ДОЦНЕЊЕ
3. Дефинирање на ОДГОВОРЕН РЕФЕРЕНТ на ниво на купувач
4. Интерна хиерархија во процесот на бркање наплата (кој – кога се јавува)
5. Kлаузули кои мора да се најдат во фактурите
6. Известување за отворен долг
7. Заблагодарување при извршена уплата
8. Редовна анализа на отворени побарувања, по старост на долгот
9. Поделба на побарувањата по денови доцнење, заради подобро менаџирање по групи на клиенти
10. Нова рабатна политика, во корелација со навремено подмирување на долговите
Александра Николова